Запознајте го најдобриот директор на светот- секоја година на работниците им подарува станови и автомобили!

30 април, 20200
директор

Луѓето кои работат за индиската компанија Hare Krishna Exports, која се занимава со извоз на дијаманти, со сигурност ќе ја запамтат прославата на националниот празник Divali во 2014 година- нивниот сопственик и директор Савџи Долакиј на најдобрите работници им подарил вкупно 400 станови и 1260 автомобили!

Заради овој гест тој ја добил титулата најдобар директор на светот.

Долакиј важи за многу богат човек со интересни погледи кон светот, но и кон сопствените работници. Тој е свесен дека успехот на компанијата се должи најмногу благодарение на вработените, па затоа за нивниот труд богато ги наградува.

Минатата година фирмата издвоила средства за купување на 600 нови автомобили за работниците.

Овој милијардер има многу строг, но исправен принцип кон своите деца. На пример, неговиот син морал сам да си најде работа, а татко му му давал пари само за да се задоволат неговите основни потреби, за да може синот да ја научи вредноста на парите и важноста на трудот и работата.

Овој несебичен милијардер истакнува дека самиот доаѓа од богата фамилија во која никогаш не морал да се труди посебно за да го добие тоа што го сака. Но, кажал дека сака да ги разбере и оние посиромашните, кои немале привилегии во животот како што имал тој. Исто така, сметал дека секој треба да има свое сопствено живеалиште, па затоа им подарува станови на своите вработени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *