Запознајте ја ќерката на Бред и Џенифер која никогаш не ја имаа

14 јуни, 2020
Annotation 2020-06-13 fjhg

Ја сакаат како да е нивна

Овожавателите на Бред Пит и Џенифер Анистон не можат да го прежалат фактот дека тие двајца се разведоа пред 15 години. Можеби Бред два пати би размислил пред да ја остави заради Анџелина, доколку со Џенифер имаше биолошко дете, но таа во тоа време, наводно, не била спремна да стане мајка. Сепак малкумина знаат дека 56-годишниот оскаровец и пет години помладата ѕвезда од серијата ‘Friends’ имаат ќерка која никогаш не ја имале и дека ја сакаат подеднакво силно како да е нивна. Се работи за внуката на Бред, Сидни која штотуку дипломираше архитектура, пишува магазинот New Idea.

Сидни е ќерка на братот на Бред, Даг, со која Бред и Џенифер се силно поврзани. Бред ја запознал Џенифер со внуката на почетокот на нивната врска, кога ја повел во Мисури во куќата на своите родители да ја запознаат штотуку родената ќерка на Даг. ‘Беше мало бебе кога Бред ја доведе Џенифер да се запознае со неа и неговите родители. Џенифер поради тоа е посебно поврзана со неа. Сидни секогаш ја викаше ‘тетка Џен’ што ја излудуваше Анџелина во текот на целиот брак со Бред’, откри личност блиска на холивудскиот убавец и додаде дека Бред и Џен ја сакаат Сидни ‘како да е нивна’.

Поради тоа, тврди изворот, бившиот пар ја ‘разгали’ Сидни со скапи поклони и внимание, а сега се подготвуваат да и поклонат уште повеќе со што би ја прославиле нејзината диплома. Наводно, Бред на својата омилена внука и ги дал клучевите од вилата во Санта Барбара која ја купи додека беше во брак со Џенифер, за таму да направи забава со пријателите, а на располагање и го даде и својот електричен автомобил Tesla. ‘Тој и верува како да е негова ќерка’, кажа изворот.

Познато е дека Бред е голем љубител на архитектурата и дека едно време својата актерска кариера ја стави на чекање како би можел да учи архитектура од познатиот архитект Франк Гехрва. Наводно токму Бред ја инспирирал Сидни да го запише тој факултет. ‘Не може да биде погорд на неа заради тоа што дипломираше’, рече изворот.