Заради ова настрада принцезата Дијана: Познатата хакерска група открива нови шокантни детали (ВИДЕО)

6 јуни, 2020
princess-diana-anonymous

Хакерската група Анонимуси се врати после три години неактивност.

Групата Anonymous на Твитер објави некои шокантки детали за смртта на принцезата Дијана од кои ќе ви се крене косата. Анонимниот твит сугерира дека смртта на принцезата била дел од поголем заговор на кралската фамилија на која таа припаѓала.

Анонимната група додаде масло на огнот на теориите на заговор кои кружат за фаталната несреќа на 31-ви август 1997 година во која настрада принцезата Дијана.

Имено, во 1996 година принцезата се разведе од принцот Чарлс. Пред да ја прекине врската со кралското семејство, принцезата Дијана забележала штетни докази за поврзаност на семејството со трговија на луѓе. Според Анонимуси, принцезата Дијана снимила сведоштва на жртва која наводно била силувана во Кралскиот двор. Не само тоа, туку принцезата работела на тоа да пронајде повеќе сведоштва и докази за злосторствата.

Но пред да успее да го направи тоа, таа почина во сообраќајна несреќа. Анонимуси откриваат како тоа всушност не била несреќа, туку убиство на Дијана, која нејзините фанови ја викаа Розата на Англија.