Зашто албумот на Бијонсе од 2016та е химна на Афроамериканците

17 јуни, 20200
profimedia-0356579798-725x483

Изведувачката Бијонсе Ноулс е бесна, бара почит и повикува на револуција на американските вредности. Еден од нејзините последни албуми, „Lemonade“, објавен во 2016 година, предизвика силни и мешани реакции од американската и светската јавност. Не е ни чудо кога ќе се земе во предвид дека беше објавен на педесеттата годишнина на „Црните пантери“, што за прв пат воведе радикална политика во мејнстрим поп музиката. Албумот е за емотивната болка и брачната криза, но и за правата на жените со темна кожа во САД – лична исповед на една од најпочитуваните уметници на денешницата.

Бијонсе тогаш објави ново поглавје во нејзината кариера, во февруари 2016 година со објавувањето на новата песна „Formation“, чии стихови зборуваат за движењето „Black Lives Matter“ и полициската бруталност во САД. Видеото содржи сцени на поплавениот Њу Орлеанс по ураганот Катрина, по што тогашниот претседател Џорџ В. Буш беше обвинет за „запоставување на црното население“. Прикажани се и полицајци во целосна опрема, кои на крајот од видеото креваат раце како да се предаваат, а потоа камерата се свртува кон графитите на ѕидот на кои пишува: „Престанете да пукате кон нас“.

„Lemonade“ премиерно се претстави во април 2016 година во форма на едночасовен филм на каналот HBO. Во песните, таа пее за измама, предавство, прошка и помирување, што обожавателите ги поврзува со шпекулациите дека нејзиниот сопруг Џеј Зи со години ја изневерувал со друга жена. Но, албумот е и моќен омаж кон жените со темна кожа во Америка, приказна за нивното искуство, за нивниот секојдневен опстанок во мизогинистичкиот свет, каде што тие се маргинализирани не само од белците, туку и од мажите со темна кожа.

Истата година, нејзиното појавување во полувремето на Super Bowl предизвика мешани реакции поради фактот што таа ги имитираше „Црните пантери“ и наводно направила перформанс полн со „обратен расизам“ – додека некои рекоа дека им дава лекција по историја на американските граѓани, други сметаа дека го фетишизира расизмот и испрати силна порака против полицијата и за бојкот на властите.

Гледајќи го нејзиниот албум од денешна перспектива, кога се одржуваат масовни демонстрации во сите педесет американски држави во врска со убиството на Џорџ Флојд, Афроамериканец, кој почина откако полицискиот службеник Дерек Ковин му го скрши вратот со коленото, клечејќи над него скоро девет минути, „Lemonade“ може да биде химна на црните Американци кои бараат правда и право на сопствен живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi