Згодната Алесандра Амбросио позираше во бикини за својата нова линија, а обожавателите го забележаа токму ОВА на фотографиите (ФОТО)

23 ноември, 2020
b4fa1cc8-96fa-4b95-a4f2-bbac492093ad

Супермоделот Алесандра Амбросио позираше со својата 12-годишна ќерка Ања Луиз за време на претставувањето на нејзината нова линија за костими за капење „Gal Florip“.

Алесандра на својот профил на Instagram објави серија споделени фотографии, а фановите забележаа дека Ања е копија на нејзината мајка.

„Прекрасни, толку слични“, „Повеќе личите на сестри“, „Ања наследила добра генетика“, „Како близначки сте“, се само некои од коментарите под објавата.

„Gal Floriр“ е линија на костими за капење која прифаќа женственост и ги слави врските меѓу жените, а не постои ништо посилно од приврзаноста мајка-ќерка. Во чест на таа врска, решив да се создаде колекција за мајки и ќерки,” кажала Алесандра во интервју.

„Сакам моите деца да го прават она што го сакаат, и ако тоа е моделирање, тогаш ќе им ја дадам целата поддршка“, истакна Алесандра во едно интервју.

Поранешниот ангел на Victoria’s Secret е мајка на две деца, Ања и осумгодишниот Ноа, кои ги доби во врската со нејзиниот поранешен свршеник Џејми Мазур.

escort - Korsan taksi