Згодната холивудкса актерка (53) ги покажа своите облини додека ужива со својот сопруг во Грција

21 август, 2020
DkbTu26UUAAF46B

Оваа година, холивудската актерка Салма Хајек реши да замине на летен одмор во Грција, каде што ужива во целост, придружена од нејзиниот сопруг и милијардер Анри Пинаул.

53-годишната Салма ги споделува своите моменти од одморот на социјалните медиуми, вклучувајќи фотографија во црно бикини во кое го покажа целиот раскош на нејзините облини за кои е позната во светот покрај актерскиот талент, но и топ формата со која може да се пофали.

View this post on Instagram

Un cafecito. A Little coffee #coffee

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) on

Покрај тоа, актерката сподели една заљубена фотографија со Хенри и покажа како изгледа нивната љубов во времето на ковид-19, а исто така призна дека и се допаѓа грчката локална музика кога се фотографирала со мал уличен музичар.

„Изгледаш како грчка кралица што чека да ја откријат“, „Колку убавина“, „Ти си неверојатно убава“, „сè уште „растураш““, „Ти си љубовта на мојот живот“, напишаа нејзините фанови.

Салма и францускиот бизнисмен, чии средства се проценуваат на 33,2 милијарди долари, се во брак од 2009 година, а тие се венчаа во раскошна церемонија во Париз на Денот на вљубените.

„Хенри е најдобриот сопруг во светот. Јас можам да бидам тоа што сум со него и немам чувство дека некој ми пречи“, рече таа во интервјуто.