Згодниот Хју Џекман се соблече ЦЕЛОСНО гол во новата реклама за чевли (ФОТО+ВИДЕО; 18+)

7 октомври, 2020
profimedia-0461761840-830x0

Овој пат, славниот актер целосно се разголи со цел да снима реклама за чевли, а фановите беа шокирани од она што го видоа.

Австралискиот актер Хју Џекман (51) се соблече целосно гол во новата реклама за чевлите на „Р.М. Вилијамс“ и на сите им го покажа својот полов орган, што шокираше многу фанови ширум Светот.

Бидејќи многу снимања беа одложени за време на Пандемијата на корона вирусот, Хју Џекман реши да снима реклами, а овој пат направи една со смешен тон.

На почетокот на видеото, Џекман зборува позитивно за оваа марка чевли и вели дека толку многу му се допаѓаат што едноставно не сака да ја носи останатата облека.

Тогаш претставникот на оваа марка му одговара:

– Навистина почитуваме дека ви се допаѓа нашиот бренд, но сакаме да ви кажеме дека ви е дозволено, поточно дека ве охрабриме да облечете друго парче облека – вели човекот на кој му е непријатно затоа што Хју ги рашири нозете пред него, па му се виде половиот орган.

– Ќе носам само Р.М Вилијамс – одговара Хју, кој дава до знаење дека не сака да се облече, а потоа го трие голиот задник од столот.

Погледнете ја смешната реклама на Хју Џекман подолу.