Зграда во форма на висока потпетица од 17 метри која ќе ги натера верниците да веруваат во чудо!

30 април, 20200
црквааа

Гинисовата книга на рекорди ја прогласи за најголема структура во форма на висока потпетица во светот …

Ако некој ви покаже фотографија од монументална градба на потпетици, веројатно немаше да помислите дека е црква.

Поконкретно, не би претпоставиле дека чевлата е всушност свадбена капела која стана вистинска туристичка атракција во Budai Township, Тајван од моментот кога е изградена во 2016 година.

Висока е 17,76 метри, широка 11,99 метри и долга 25,16 метри. Гинисовата книга на рекорди ја прогласи за најголема структура во форма на висока потпетица во светот и може да прими стотина луѓе истовремено.

High-Heel Wedding Church, или Gāogēnxié Jiàotáng, е направена од триста парчиња синкаво стакло како имитиција на изгубениот чевел на Пепелашка.

Кога зградата се отвори пред јавноста пред четири години, локалните власти соопштија дека чевлата треба да привлече женска публика во црквата.

Иако се нарекува црква, денес зградата не е поврзана со ниту една религија. Таа е целосно испразнета и најчесто се користи како простор за брак кај младите Тајванци. Се разбира, и за снимање на безброј селфиња на сите заинтересирани патници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *