Жан Клод Ван Дам: На училиште не ме погледна ниедна девојка

9 октомври, 2020
profimedia-0547885589

Танчер на балет, мајстор за боречки вештини, филмска sвезда, поранешен зависник, заводник и мудрец – сето ова е познатиот Белгиец кој наскоро ќе го прослави својот 60-ти роденден. Неговиот живот наликува на неверојатни сценарија за филмовите во кои глуми, а малкумина знаат дека како момче тој бил мал и слаб и дека неговите родители биле многу загрижени за тоа.

Jean-Cloude


Дали знаете што е филмска sвезда? Една голема илузија. Тоа е всушност нешто што отсекогаш сум го сакал, но сето тоа е малку површно, нели? Филмовите ме направија славна личност и ме приближија на многу добри жени, но тоа воопшто не е реално. Сето тоа е лажно и труло – вели една од најпознатите sвезди на филмови за боречки вештини, актер со потенцијално најсилна мускулатура во Холивуд, но и едно од најдолгите имиња – Жан-Клод Ван Дам или поточно Жан-Клод Камил Франсоа Ван Варенберг. Ако ја прашате оваа легенда на акциониот филм наскоро стара 60 години, кој всушност е тој, тој сигурно ќе ви одговори дека пред се е спортист желен за адреналин и боречки арени, што не е изненадувачки со оглед на тоа што започна да тренира карате на возраст од 11 години. Тој стана еден од најдобрите борци за целосен контакт во Европа. Но, како што секоја животна приказна има зошто, Ван Дам не е исклучок.

Jean-Cloude

Имено, момчето родено на 18 октомври 1960 година во Белгија како второ дете во семејството немаше идеја дека еден ден ќе стане дел од филмската историја, ни повеќе ни помалку туку со сопствената сила и изглед. Сето ова не би било невообичаено ако Мускулите од Брисел, како што го нарекуваа, не поминел половина од своето детство како слабо момче. „Понекогаш се прашувам како го сторив тоа, со оглед на тоа што ниту една девојка никогаш не ме погледна на училиште затоа што не можев да видам дрво пред мене без очила“, вели еден од најпроблематичните мажи во Холивуд, кој бил во брак пет пати и тоа двапати со иста жена.

Jean-Cloude
Jean-Cloude