Жената со најдолга коса открива што ја навело на тоа повеќе да не ја крати косата (ВИДЕО)

8 ноември, 2020
16341088805fa67f1b52643358195412_w640


Оваа индиска тинејџерка за прв пат го сруши рекордот за најдолга коса меѓу тинејџерите во 2018 година, а оттогаш таа го корегира два пати. Косата на Ниланши Пател неодамна повторно беше измерена, неколку дена пред нејзиниот 18-ти роденден и беше долга два метри. Во 2018 година косата и беше долга 1,71 метар. Тинејџерката рече дека ја пушта косата откако лошо се потстрижа на шест години. “Тогаш навистина лошо се потстрижав. Затоа, тогаш решив дека нема да се шишам повеќе. Одлучив кога имав 6 години и оттогаш не сум ја истрижала косата”, рече таа. Пател рече дека не одлучила дали ќе продолжи да ја расте косата за да задржи рекордна должина во категоријата возрасни.

escort - Korsan taksi