Жешко снимање за „Vogue“: Бијонсе во тесен фустан ја покажа тангата (ФОТО)
2 ноември, 2020
Биjонсе ќе се појави на декемвриската насловна страница на британскиот „Vogue“, а за таа пригода позираше во серија секси комбинации. Најголемо внимание предизвика тесниот црвен фустан со длабоко деколте на грбот, преку кој излегуваат украсени танга гаќички.
Фотографиите ги направи нејзиниот обожавател и можеби најмладиот фотограф чии фотографии завршија на насловната страница на „Vogue“ Кенеди Картер (21).
“Сфатив дека мојот глас е појасен кога сум мирна. Го ценам времето што го минувам со моето семејство и мојата нова цел е да забавам и да го исфрлам стресот од мојот живот”, откри Бијонсе што научила во 2020 година.
Музичката sвезда досега заработи 330 милијарди евра преку музика и други деловни потези. Оваа бројка може да се зголеми бидејќи поранешните членови на Destiny’s Child, Кели Роланд и Мишел Вилијамс, ја поканија да им се придружи на нив и Канје Вест во снимањето на евангелски албум.