Живеела на тестенини и компир: Ова е тајната за витката линија на познатата холивудска ѕвезда Одри Хепберн

17 декември, 2020
odri_hepburn

Одри Хепберн е икона од повеќе причини. Не само што беше одлична актерка, туку со својот стил инспирираше генерации млади жени. Таа успеа да ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот и стана една од најпознатите дами во историјата на шоу-бизнисот. Таа беше позната по витката линија и убавината, и вака се исхрануваше.


– Луѓето често мислеа дека Одри има некаква форма на нарушување во исхраната, но тоа не е точно. Сакаше италијанска храна и тестенини. Јадеше многу житарки и не многу месо. Јадеше малку од сè – рече нејзиниот син, Лука Доти.

Роберт Валдерс, холивудски актер со кој Одри беше во врска од 1980 година до нејзината смрт во 1993 година, изјави дека Одри никогаш не била на диета, но вежбала многу, уживала во чоколадо и виски. – Имаше здрав метаболизам. Никогаш не претерала во ништо и не држела диета – рече Роберт на почетокот на нивната врска. „Имавме кафеав леб со џем за појадок, ручекот ќе беше пилешко, телешко или тестенини, често со зеленчук од градината, а за вечера честопати имавме супа со пилешко и зеленчук. Тоа не значи дека не знаеше како да се опушти малку, по вечерата сакаше да јаде чоколадо и да пие малку шкотско виски – рече Роберт.

Pasta
escort - Korsan taksi