Животот на двојниците на светските ѕвезди е стресен. „Не опседнуваат бројни фанови на ѕвездите…“

15 јуни, 20200
џвџцвџц


Во интервју за 24 hours, девојките откриле како изгледа животот на двојниците, колку често тие се запирани на улица од бројни фанови, но и со какви срамни ситуации се соочуваат благодарение на нивната сличност со мега sвездите.

– Кога имав 12 години, наставникот во одделението забележа огромна сличност со Шакира. Освен што физички потсетувам на неа, имавме скоро идентичен глас – ни раскажува двојничката на Шакира, додавајќи дека таа никогаш не отишла „под нож“ за да личи на латино дивата.

Двојничката на Ријана се соочувала со бројни непријатности, а еднаш таа била пречекана пред ресторан од стотици папараци кои не знаеле дека станува збор за „клон“.

Стјуардесата Кристин Примрос Матис, која стана позната на социјалните мрежи заради нејзината сличност со Меган Маркл, исто така се соочува со истиот проблем.

– Кога дојдов во Лондон службено, не можев да дишам од обожавателите. Луѓето трчаа по мене и ме молеа за фотографија – ни кажува двојничката и додава дека таа ниту еднаш не одела на козметички процедури. Но, светот на двојниците не е толку убав како што изгледа на почетокот, ни кажува Кристина.

„ Една телевизиска компанија и ги покажа на Шакира моите фотографии и видеа и таа се пофали и ме поздрави во емисијата во живо“ – вели Ребека Мајелано, која на Инстаграм ја следат повеќе од 140 илјади луѓе. Клоновите на Рири и Меган треба допрва да ги исполнат своите желби да се запознаат со идолите, но се надеваат дека еден ден ќе ја имаат таа чест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *