Животот на оваа убавица се променил од корен oткако непознат маж фрлил киселина директно во нејзиното лице

5 јуни, 20200
kejti-piper-830x0

Во 2008ма година, животот на Кејти Пајпер навистина се променил. Имала само 24 години и штотуку ги направила првите чекори во започнувањето на блескава кариера како модел. Но, нештата се промениле засекогаш откако непознат маж, којшто таа го запознала на Facebook, фрлил киселина во нејзиното лице.

Болката што ја почуствувала за време на нападот била ужасна, а како што вели и самата, имала чуство дека целото тело и гори.

По 40 операции успеала барем малку да го врати стариот изглед, но и понатаму не е потполно заздравена и не може да гледа со едното око.

Денес важи за една од најуспешните Британки, кои успеале да докажат дека со силна волја, може сè да се постигне.

  • Со текот на годините научив дека, без оглед на тоа што ни се случува во животот, сè може да се преброди. – изјави Кејти Пајпер.

Човекот којшто ја унаказил Кејти се наоѓа позади решетки. Таа успеала да продолжи понатаму со животот, оставајќи го овој инцидент зад себе, а денес е во среќна мајка на две деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi