Знае како да привлече внимание: Кајли Џенер ја најавува Божиќната колекција со жешки фотографии во минијатурно бикини (ФОТО)

19 ноември, 2020
1350084

Кајли Џенер, најмладата членка на кланот Кардашијан-Џенер, заработи цело богатство благодарение на својата линија производи за козметика Kylie Cosmetics, а 23-годишната претприемачка многу добро ја знае моќта на социјалните медиуми

Благодарение на голем број нејзини следбеници, Кајли се етаблираше како една од најпознатите светски влијателници, а благодарение на моќта на социјалните мрежи, особено на Instagram, нејзината колекција за убавина се здоби со огромна популарност.

За да ја најави својата нова колекција за шминка за Божиќ, најмладата сестра на Ким Кардашијан објави неколку секси фотографии на Instagram за кои за кратко време собра безброј лајкови.

Кајли позираше во мало црвено бикини покрај базен во нејзината раскошна вила што ги откри нејзините бујни облини за кои веќе подолго време се шпекулира дека се резултат на бројни козметички операции.

„ Мојата колекцијата Grinch x Kylie пристигнува денес“, им порача Кајли на своите верни обожаватели.

На обожавателите на ријалити sвездата „Keeping Up with the Kardashians“ очигледно воопшто не им пречи, па затоа и доделија безброј комплименти. „Убава“, „Леле“, „Божица“, „Кралица“ …

Инаку, годишната листа на „Forbѕ“ за заработките на славни лица беше објавена во септември, која убедливо ја предводи Кајли Џенер со вртоглави 540 милиони долари.

За споредба, нејзиниот зет Канје Вест, сопругот на Ким Кардашијан, музичар, продуцент и дизајнер, заработи само 170 милиони долари, додека познатата спортска sвезда, врвниот тенисер Роџер Федерер, на пример, се најде на третото место со „слаби“ 106,3 милиони долари.