Знаете ли зошто американските крофни имаат дупка во средината?

3 мај, 20200
krofna

Дали некогаш сте се прашале зошто има дупка во средината на американските крофни?

Не сте единствени!

Верувале или не, постојат многу теории за мистериозната дупка и за причините за нејзиното настанување.

Едната теорија вели дека дупката во крофните е едноставно нужна. Кога пекарите почнале да додаваат жолчки во рецептите, тестото станало пребогато и значително почнало да го отежнува рамномерното печење. Краевите биле крцкави, но средината била сирова, па логично решение било да се отстрани тестото од средина.

Другата, позабавна теорија се врзува за Нова Англија во 1850 година и бродот наречен Елизабет Грегори. Елизабет на својот син му направила голема количина на пржено тесто за едно од неговите патувања, а приказната е дека капетан Грегори токму на тоа патување ги смислил крофните со дупка. Имено, на капетанот Грегори му биле потребни двете раце за управување со бродот, па направил дупки во крофните за да може да ги закачува на кормилото од бродот.

Независно од тоа во која теорија верувате, едно е сигурно: крофните се едни од највкусните пекарски производи, со дупката на средина, или без неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi