Видеото ги воодушеви сите!
Познатиот топ-модел и ангел на Викторија – Адријана Лима објави на социјалната мрежа Instagram снимки од прославата за Божиќ, додека во позадината се слуша хитот на Лепа Брена „Југословенка“.
Како дел од опцијата „Story“, моделот објави неколку кратки снимки од празничната атмосфера, опкружени со семејството и пријателите, а на нив покрај извици и насмевка, се слушаат препознатливи стихови на српската пејачка.
Ова видео масовно се шири на социјалните мрежи, а сите имаат само пофални зборови за Лима.
Имајќи предвид дека Адријана Лима беше сопруга на познатиот кошаркар Марко Јариќ, не е изненадувачки што е запознаена со опусот на Лепа Брена, и сигурно многу добро разбира за што пее. Некогаш српска снаа, секогаш српска снаа.