10 најдобри YouTube канали за вежбање од дома

28 мај, 20200
fit

Фитнес центрите се сè уште затворени? Овие YouTube канали ќе ве одржат во одлична форма, бесплатно.

Сакате да бидете фит? Пробајте едно од илјадниците видеа за вежбање на YouTube.

Без разлика дали немате пари за личен тренер, немате време за теретана или седите дома како мерка на претпазливост да не се разболите од коронавирусот, сепак можете да добиете одлични тренинзи каде и да сте благодарение на YouTube.

Фитнес каналите на YouTube се новото ДВД-вежбање. Видеата се бесплатни за гледање, лесно е да се практикуваат на кое било место каде што имате Wi-Fi врска и нудат огромен спектар на вежби, од аеробик и пилатес до танцување и бокс. Без оглед на вашите фитнес цели, ќе можете да најдете нешто на YouTube за да ви помогне да ги постигнете истите. Еве 10 од најдобрите фитнес канали на YouTube.

Танц Тренинзи: The Fitness Marshal

Ако сте како мене и мразите да вежбате, тогаш The Fitness Marshal може да биде вашиот одговор. Фитнес гуру Калеб Маршал комбинира хит-поп песни – како “Heat” од Kelly Clarkson и “Pony” од Ginuwine со танцови потези кои ви помагаат да се испотите и тоа да биде забавно.

За разлика од другите видеа за вежбање со танц, Маршал ги прави потезите полесно за оние помалку координираните (како мене!) и се шегува за да ве насмее додека вежбате.

HIIT тренинзи: PopSugar Fitness

Без разлика каде се наоѓате на вашето фитнес патување, ќе најдете добар тренинг на PopSugar Fitness. Поделена е во категории за да можете да го пронајдете токму она што го барате – вклучително вежбање за почетници, енергични видеа за тренинзи со висок интензитет во интервали (HIIT) и насочени вежби за вашите стомачни и задник.

Ако немате тегови, ластици за вежбање или друга опрема, сепак сте покриени. Само отворете подолу на нивниот канал во делот за тренинг без додатна опрема.

Пилатес тренинзи и друго: Blogilates 

Ниту еден список на канали за фитнес на YouTube не е комплетен без Blogilates. Овој популарен канал има близу 4,5 милиони претплатници и се фокусира на POP Pilates, PIIT28 и Bootcamp Sculpting. Ако немате поим што е тоа, не грижете се – не мора да разберете за да уживате во овие вежби.

Сертифицираниот фитнес инструктор Каси Хо и нејзиниот пријателски пристап го прави лежењето на јогамат и работењето на стомачните, нозете, рацете и задникот скоро пријатно.

Она што ми се допаѓа во врска со овој канал е тоа што има тренинг серии и предизвици што може да ги следите во текот на целата недела за да ве мотивираат. Серијата се базира на теми како невестинскиот Bootcamp, тренинзи за во стан и вежбањето на славните.

Вежби за јога: Јога со Адриен

Ако сакате вашите обучувачи да бидат приземни и пријателски-настроени, нема подобар тренер за јога од Адриен Мишлер од Yoga With Adriene. Нејзиниот смирувачки глас и „чил“ пристап ќе ве шармира дури и пред да легнете на јога матот. Тоа не е само мое мислење – таа собра повеќе од 4 милиони претплатници.

Покрај нејзината прекрасна личност, каналот на Адриен вклучува јога-видеа скоро за што било. Ќе најдете јога секвенци за релаксирање, помагање на болка во ишијас, топење маснотии, олеснување на анксиозноста и депресијата и она што мене најмногу ми се најде, лекување на мамурлакот. Постојат дури и часови за оние што јаваат коњи и оние кои го поминуваат денот на каучот.

Вежби за сила: HASfit

Ако сакате да станете силни и да добиете добар тонус на вашите мускули, тогаш каналот HASfit (Heart And Soul fit) ќе ви биде супер корисен. Вклучува вежби за тренинг на сила – со или без опрема – заедно со рутини за вежбање со низок и висок импакт.

Огромната разновидност на овој канал е тешко да се победи. Тие имаат над 1.000 бесплатни рутини за вежбање, плус комплетни 30- до 90-дневни програми за фитнес кои вклучуваат планирање на оброци, вежбање, совети и многу повеќе.

5-минути вежбање: FitnessBlender

FitnessBlender е канал кој е специјализиран за вежби за зафатени луѓе. Даниел и Кели собрале над 500 вежби, а повеќето од нив се дизајнирани да бидат брзи. Можете да најдете вежби во зависност од времето што го имате на располагање, од 5 до 45 минути.

Ако сте љубител на кучиња, не пропуштајте го тренингот со кутре на овој канал. Научите како да правите различни вежби со вашиот миленик. Сè што ви треба е кутре.

Вежбање со бокс: NateBowerFitness

Боксот е фантастичен начин да се испотите додека ослободувате стрес. Нејт Бауер, овластен инструктор за бокс и спортист кој се натпреварува, ви покажува како да започнете со бокс на неговиот фитнес канал, NateBowerFitness. Потоа, тој ви покажува како да го извадите максималниот интензитет во 20-минутните видеа.

Повеќето канали на YouTube имаат само видео за бокс рутини што можете да ги направите во сала. Она што навистина ми се допаѓа во врска со овој канал е дека има вежби за дома. Само ви треба отворен простор и можеби пријател со фокусери.

Вежбање со низок импакт: Прошетка по дома на Лесли Сансон

Одење е вежба со мал импакт на вашите зглобови што скоро секој може да ја направи. Ако сте „заглавени“ внатре, каналот Walk At Home на Лесли Сансон е добро место за тренинг без трака за одење или трчање.

Силно препорачувам да ја пробате „одечката забава“ на каналот. Забавна е, позитивна и се обложувам дека дури и ќе се насмеете неколку пати додека согорувате калории.

Roberta’s Gym

Помислете на Фитнесот на Роберта како Alexa на вежбањето. Овој анимиран тренер можеби нема „карактер“, но нејзините тајмери на екранот и бројачите на повторувања ви помагаат да пратите што правите подобро од кој било „хуманоид“.

Овој канал исто така има дневни вежби и предизвици, како што е 30-дневниот предизвик за слабеење. Нови видеа се објавуваат секој понеделник, среда и петок.

Кардио вежбање: Лес Милс

Видеата за вежбање на Les Mils не само што ви даваат одличен тренинг, туку тие ве учат и вистински потези за танцување што можете да ги пробате во клубовите – кога ќе отворат. Прилично е мотивирачки да се знае дека не само што вежбате, туку исто така учите вистинска вештина што можете да ја користите во реалниот свет.

Ако не сте по танцувањето, не грижете се. Каналот вклучува и други видови на вежби, како BodyPump, во кој се користат лесни до умерено-тешки тегови за зајакнување на мускулите и Barre, кој се заснова на вежби кои ги користат балерините за да бидат во форма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *