10 предмети во домот кои секојневно ги користиме се најголем извор на бактерии- 90% од луѓето скоро никогаш не ги чистат!

17 август, 20200
181491_shutterstock-115425379_ls

1. Туш

Само затоа што водата постојано тече низ тушот не значи дека овој предмет е чист. На неа се акумулираат бактерии, кои можете лесно да ги вдишувате за време на туширањето што лесно може да доведе до инфекција на белите дробови.

2. Прстени

Ако имате прстени кои ги носите секој ден или никогаш не го вадите вереничкиот или венчалниот прстен , чистењето треба да биде вашата дневна рутина. Студиите покажаа дека луѓето кои носат прстени имаат три пати повеќе бактерии на рацете отколку луѓето кои не ги носат.

3. Воланот на автомобилот

Внатрешноста на автомобилот е еден од најголемите извори на бактерии. Не е неопходно да се чисти целиот автомобил секој ден, но важно е да го бришете управувачот секој ден.

4. Рачката на вратите

Обично овој предмет го допираме со валкани раце, особено на рачката на влезната врата, која ја допираме секој пат кога доаѓаме од јавниот превоз, од улицата … На рачките е докажано дека се носат стотици штетни микроорганизми.

5. Тастатура

Бидејќи постојано се допира, тастатурата има неколку видови бактерии на неа. Добрата вест е дека едноставно чистењето со антибактериски марамчиња може значително да ја намали нивната количина.

6. Далечински управувач

Друг предмет кој секојдневно го допираме е докажан носител на габи, мувла и бактерии и не би било лошо да одвоите неколку минути на крајот на денот за да го исчистите.

7. Прекинувачи

Овој предмет е лесен за прескокнување при чистење на куќата па е погодно место за таложење на микроорганизми. Прекинувачите за светлината се докажани како највалкано место во хотелските соби и една од 10-те највалканите предмети во домовите.

8. Лавабо

Ние ги миеме рацете и забите над него секој ден, така што не е ни чудо што научниците пронашле повеќе од 50.000 бактерии на лабавоата. Бришете го лавабото со антибактериски раствор секој ден.

9. Четки за заби

Парчиња храна и дентална плакета завршуваат на четката за заби секој ден. Како да не беше доволно, повеќето луѓе ги чуваат четките на отворено во бањата, што ги прави одлично живеалиште за бактерии. Затоа е важно четката да се мие темелно секој ден, но и да се чува во ормар или на некое друго заштитено место.

10. Праговите на прозорците

Полен, мувла и разни видови нечистотии се акумулираат на прозорските прагови, зголемувајќи го ризикот од алергии и влегување прашина секој пат кога ќе го отвориме прозорецот, особено кога дува ветер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *