10 причини зашто да го започнете денот со вежбање

2 јуни, 20200
Devojka-vežba

Секој од нас има некој мал ритуал со кој го започнува денот. Некој не може да го започне без кафе, некој без доручек. а некој без вежбање.

Исто така многу од нас токму вежбањето го оставаат за покасно, сметајќи дека така ќе ние полесно. Но тоа е грешка.

Еве ви 10 добри причини да денот го започнувате со физичка активност:

  1. Можете ништо друго „паметно и корисно“ да не направите во денот, а сепак да се осеќате дека нешто сте постигнале, а и за право така е.
  2. Голема е веројатноста да после правилно вежбање на утро да посакате да јадете нешто здраво во текот на целиот ден.
  3. Ќе изработите подобар тренинг наутро отколку на крајот на денот, бидејќи сте поодморени и посвежи
  4. Помалку ќе бидете под стрес во текот на останатиот дел од денот поради количината на ендорфин која ќе ја ослободите додека вежбате
  5. Кофеинот ќе ви помогне при вежбањето, а се знае кога е најслатко кафето, па поради таа причина спојте го кафето и вежбањето.
  6. Вежбањето ќе ве исцрпи и појача потребата за доручек, а студиите покажале дека конзумирањето на појадокот ги инспирира луѓето да донесат подобри одлуки во остатокот на денот
  7. Во останатиот дел од денот ви останува да уживате, и да се опуштите бидејќи она најнапорното веќе сте го направиле.
  8. Ќе согорите 20 % повеќе масти отколку кога би вежбале во некое друго време во денот.
  9. Имате корисна и бесплатна детоксикација – преку потењето ќе ги исфрлите лошите материи од организмот.
  10. Ќе го забрзате метаболизмот, а колку побрзо тој работи, толку повеќе троши масти и води до повитко и здраво тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *