24 часа јадела исто како и Меган Маркл: Еве ги оброците што ја кријат тајната на нејзината совршена линија

10 декември, 2020
megan-markl-dijeta-830x0

„Се чувствував како принцеза“

Новинарката  Јулија Гиера, еден ден реши да ја проба исхраната на Меган Маркл и да ја открие тајната на нејзината совршена линија. Таа се водеше од информацијата што Меган ја откри за нејзината исхрана во интервју за списанието „Delish“.

Како што рече, денот започнува со чаша топла вода со свежо исцеден лимон.

– Толку многу здравје, не можам да издржам. Буквално, не можев да ја пијам напивката. Ја презирам лимонадата, но ми беше уште полошо што водата беше топла. Едноставно не ми одговара. Но, во името на англиската круна, се одлучив за компромис за кој сум сигурна дека на Меган нема да ѝ пречи и пиев билен чај со лимон – напиша Jулија.

Појадок и ужини

Во едно интервју, Маркл откри дека сака да јаде омлет од две јајца со многу зеленчук за појадок.

– За разлика од водата со лимон, и јас сакам јајца – рече новинарката. Меган за списанието „Delish“ изјави дека секогаш повеќе би сакала да јаде пообемен појадок како јајца со сирење и тост леб отколку нешто послабо како овесна каша.

Јулија го прескокна тост лебот и подоцна беше гладна, но си направи омлет со две јајца, лук и брокула.

Следниот оброк беше јаболка со путер од кикирики и мало изненадување.

– Ова беше единствениот оброк кон кој бев сомнителна, но знаев дека морам да го поминам ако сакам да јадам како Меган цел ден. Затоа, ја испробав оваа чудна комбинација. Кога слушнав дека сака да го јаде ова, најпрво бев воодушевена затоа што обожавам јаболка и путер од кикирики. Но, тогаш сфатив дека ги посолува. Додавањето сол изгледа толку погрешно, но всушност јаболките имаа одличен вкус. Би го повторил ова – заклучи Јулија.

Ручек и вечера

За ручек имаше богата салата со хумус. Меган во едно интервју изјави дека сака салата „со некој вид протеини“, па затоа Јулија мораше да импровизира тука.

Во садот стави спанаќ, печурки, жолти пиперки, сува брусница и хумус, односно путер од леблебија.

– Сфатив дека сакам хумус, но хумусот не ме сака. И покрај тоа што ме болеше стомакот следното утро, не жалам. Комбинацијата беше вкусна – рече таа.

За вечера, Меган обично јаде јаглехидрати или тестенини.

Како што рече Меган, јаглехидратите се нејзин криптонит и таа не може да одолее на чинија тестенини. Jулија призна дека не ѝ пречело ниту ваков оброк.

– Сѐ на сѐ, воопшто не беше тешко да се јаде како Меган Маркл, бидејќи и двете сакаме иста храна. Исто така, сакам свежо овошје и зеленчук во мојата исхрана и житарки. Како Меган, не можам да одолеам на чаша вино – заклучи Jулија.

escort - Korsan taksi