3 модни грешки поради кои можете да изгледате постари

19 април, 20200
3

Веројатно не сте ни свесни дека ги правите и дека тие имаат негативен ефект врз вашиот изглед.

  1. Носење на стар градник

Ниту една криза не може да биде изговор за носење градник од пред една деценија. Не само што веќе ја нема својата основна функција, но веројатно ви е и премногу мал. Ќе бидете изненадени колку погрешниот градник може да влијае врз вашето држење, а тоа има врска со години! Затоа, посетете ја продавницата за долна облека каде професионалното лице ќе ја одреди точната големина на градникот и ќе изберете добар модел. Во него ќе имате поисправено држење и ќе изгледате подобро, а со тоа и- помлади!

  1. Облека во бледи нијанси

Облеката која во себе има сив подтон во неа е нешто што секоја жена треба да го исфрли од нејзината гардероба. Токму таа нијанса, велат експертите, најмногу го остарува лицето и го прави целокупниот изглед – измиен. Ова особено се нагласува доколку бојата е поблиску до лицето, затоа – не носете шамии или шалови во овие нијанси. Следниве нијанси исто така не се препорачуваат: светло-љиљакова, валкано розева и бледо сива боја.

3. Носење на вреќaста облека

Дури и ако имате “гума” околу стомакот и вашиот граден кош е поширок отколку што сакате, не се обидувајте да ги скриете под вреќи. Само ви се чини дека ќе го сокриете несаканиот вишок, а во реалноста ќе изгледате подебели и постари! Наместо тоа, побарајте облека што внимателно ќе ја следи линијата на вашето тело – не премногу тесна, но не и премногу широка!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi