5 начини да “стопите” 2 килограми за 24 часа

24 јуни, 20200
Annotation 2020-06-24 151745

Можно е килограмите да исчезнат релативно брзо

Многу жени сонуваат за тоа да ги изгубат вишокот килограми во еден ден. Тоа секако е невозможно, но постојат начини за релативно брзо да “стопите” неколку килограми.  

Ако утре имате важен состанок, сакате да изгледате послабо и тоа ви е многу важно, ви даваме некои совети за кои нутриционистите тврдат дека во пракса навистина делуваат.

Логично, како и секогаш кога се работи за совети за слабеење, едни велат дека се обична глупост, а други дека навистина делуваат.

Единствениот начин да дознаете е да проверите сами.

Шеќер-кефир коктел

Да, добро сфативте, главните состојки на овој чудотворен пијалок се чаша шеќер и половина литро кефир. Напијте се од овој коктел навечер, заштитете го телото од сложените јаглехидрати. Тие кои го сториле ова велат дека изутрината навистина биле полесни за 2 килограми.

Ден ориз

Не е тајна дека вишокот течности во телото доведува до вишок тежина. Една од најчестите причини за тоа е прекумерната потрошувачка на сол. За да го отстранете вишокот вода и истовремено да го спасите телото помага кафениот ориз. Обидете се во текот на денот да јадете само таков ориз и следното утро вагата ќе покаже 2 килограми помалку.

Но запаметете во текот на варењето да не додавате сол во садот, во спротивно целиот процес ќе изгуби значење и нема да има ефект со таквата моно исхрана.

Салата од варено цвекло

Не звучи баш вкусно, но функционира! Цвеклото е богато со целулоза, а кога таа ќе стапи во интеракција со вода, набабрува во цревата. Прво, тоа ќе ви пружи чувство на ситост подолго време, второ, богато е со влакна кои ги “привлекуваат” сите непотребни токсини.  

Сварете и изрендајте го цвеклото. Додадете неколку капки маслиново масло. Се темелно измешајте. Салатата треба да се јаде пред спиење и со неа да се испие чаша топла вода. Кога ќе се разбудите ќе бидете пријатно изненадени, бидејќи вашата тежина ќе биде помала за точно еден килограм.

Солена купка

Ако ја одбиете вечерата, го намалите дневниот внес на калории, што неизбежно доведува до губиток на тежината, топлата солена купка помага да се постигне резултатот. Само 10-20 минути во таква купка, а потоа еден час под ќебе, ќе направи ефект на сауна.  

Таквиот едноставен метод ќе ви овозможи да изгубите 2 килограми во една процедура, а можеби и повеќе – во зависност од вашата почетна тежина. Нели е тоа пријатна алтернатива за вечерните грицки?  

Облоги за слабеење

Секако, не можевме да ги изоставиме ноќните облоги, кои ви овозможуваат да изгубите до 3 килограми во текот на спиењето. Мед, оцет, масло –одберете по свој вкус. Земете една од горе наведените состојки, тријте ја кожата со масажни движења, а потоа обвиткајте го телото во фолија и покријте се со прекривачот.  

Благодарение на облогите, се подобрува циркулацијата на крвта, потните и лојните жлезди почнуваат напорно да работат. Што доведува до отстранување на акумулираните масти и токсини.

И, секако, губите тежина! Во утринските часови останува само да го измиете остатокот од производот од кожата и да уживате во резултатот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi