Наместо да бидете роб на минливи трендови и брза мода, поработете на стилот и квалитетот на парчињата во кои вложувате пари. Како што пишува Who What Wear, овие пет стилски трикови ќе ви помогнат во секој момент да изгледате stylish и да ве бараат за модни совети.
Изберете
накит и модни додатоци кои ќе бидат вашата сигурна зона
Иако експериментирањето понекогаш е пожелно, секогаш е добро да имате „резервни“ парчиња што ќе послужат како спас кога не знаете со што да ја заокружите комбинацијата и да се чувствувате одлично во сето она што го носите.
Носете
облека во која се чувствувате одлично
Исто како што истакнавме во почетокот – дадете му предност на
квалитетот, а не на квантитетот. Одбирајте само облека која одлично ви прилега
и го истакнува најдоброто од вас. Колку и да ви се допаѓа некој тренд, доколку
не ви одговара, помирете се со тоа, веројатно нема да трае подолго од неколку
месеци.
Облекувајте
се слоевито
Аутфит во неколку слоеви е обично најдобриот избор, а вие имате
безброј опции за комбинирање. Сепак, не претерувајте со премногу различни бои и
материјали, ограничете се на максимум три.
Дајте ѝ
предност на едноставноста
Со софистицирана, класична облека, не можете да погрешите. Значи,
кога немате премногу инспирација, комбинирајте едноставни парчиња без луди
кроеви и принтови и ќе добиете одличен аутфит.
Не ја занемарувајте моќта на монохроматскиот аутфит
Ако сте луди за одредена боја и ако добро ви одговара, зошто да не
се облекувате во неа од глава до пети? Монохроматските аутфити изгледаат многу
моќно и смело, а факт е дека со нив е многу тешко да погрешите.