5 совети од психолог, кои веднаш ќе ја подобрат комуникацијата со вашиот партнер

15 мај, 20200
комуникација

Совет на денот

Без оглед на тоа што некои ни кажуваат да гледаме позитивно на ситуацијата и да бидеме благодарни што поминуваме толку многу време со семејството дома, сепак не е лесно. Луѓето никогаш во историјата не поминале толку многу време дома без моменти на мир и тишина само за себе, така што оваа промена може да предизвика дополнителен стрес за многумина. Ако е можно, издвојте неколку моменти во денот само за себе. Разговарајте со вашето семејство и закажете распоред, така што секој што сака може да одвои одредено планирано време за себе и да го задржи својот мир, дајте си го она што ви треба во овие моменти и да бидете колку што е можно посмирени и присутни за вашето семејство кога поминувате заедно време.

Бидете поефикасни во комуникацијата. Говорот доаѓа спонтано, но ефективната комуникација е вештина. Во овoј период кога поминуваме многу време во затворен простор со блиски луѓе, се зборува многу, но не сме сигурни колку е добра комуникација за врската што ја градите. Затоа, следете ги овие неколку едноставни упатства:

  • Избегнувајте да ги критикувате личностите, критикувајте го однесувањето затоа што тоа подлежи на промени.
  • Ако кажете некому дека е мрзлив, ќе биде тешко да се промени и ќе биде повреден, обидете се со други работи конкретни промени поврзани со некои работи во домаќинството што секогаш можеме да ги иницираме.
  • Избегнувајте одбранбени ставови или реченици како, ако сте направиле нешто, тогаш и јас би го сторил тоа.
  • Дефанзивниот став провоцира само напад од другата страна. Избегнувајте презир и цинизам во комуникацијата (вербална и невербална) затоа што може да значи целосен недостаток на почит и голем гнев за другата личност.
  • И за крај, немојте да градите sидови во комуникацијата, не избегнувајте ја затоа што е секако неизбежна барем на невербално ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *