5 здрави и ефикасни начини како БРЗО да изгубите неколку килограми

12 декември, 2020
221059_shutterstock-1069201439_ls

Мали навики кои прават голема разлика

Научните студии покажаа дека краткорочните диети не се толку ефикасни како што се сметаше порано. Луѓето кои ги практикуваат генерално брзо ја враќаат изгубената тежина, а постојат докази дека многу од овие кратки и радикални диети не се добри за нашето здравје.

Што тогаш ни останува како алтернатива, ако сакаме да изгубиме тежина и да живееме здрав живот? Па, ајде да направиме значителни промени во нашите навики во исхраната. Во следните редови ќе откриеме 5 навики на здрава исхрана кои можат да ви помогнат да ослабнете без да држите диета.

1. Јадете полека и добро џвакајте ја храната

Научните истражувања покажаа дека кога јадеме брзо, брзо се дебелееме. Од друга страна, кога тоа го правиме побавно и добро ќе го изџвакаме секој залак, постојат големи шанси да се чувствуваме сити дури и пред да изедеме сè од нашата чинија.

2. Пијте многу вода

Нема здрав живот без редовно внесување на вода. Пиењето на оваа течност исто така може да ви помогне полесно да изгубите вишок килограми. Едно истражување покажа дека многу луѓе јадат помалку за време на ручекот, ако пијат половина литар вода половина час пред овој оброк.

3. Служете ја нездравата храна на црвени чинии

Можеби ова ви звучи чудно, но направен е експеримент што потврдува дека луѓето јадат помалку од црвени чинии отколку од оние во други бои. Како црвената боја да им дава сигнал да застанат.

4. Избегнувајте ги сите пијалоци со шеќер

Газирани пијалоци, сокови, слатки кафиња и други пијалоци со шеќер се вишок во вашиот живот. Нема добра причина за да ги консумирате.

5. Не правете ништо друго додека јадете

Гледањето телевизија, разговорот со другите или пишувањето пораки за време на оброкот ве одвлекува од храната, поради што обично ја јадете брзо, но исто така ја полните чинијата со нов дел без да бидете свесни колку веќе сте изеле. Тоа е безбеден рецепт за зголемување на килограмите, а и постои ризик да предизвика мачнина во стомакот.