6 главни причини поради која на лето е кожата сува!

10 јули, 20200
plaza 2

Наспроти популарното верување, сувата кожа не претставува само проблем во зима.Иако ни се чини дека кожата ни е помасна во лето таа на тој начин ја надокнадува изгубената  масност од нејзината површина како резултат на клима, депилација, УВ зраци, хлор, морска сол и други причини. Од немилосрдно сончање до бричење и потопување во базен и море, вашата кожа може да се претвори од хидрирана и еластична во лушпеста и груба за неколку часа.Сувата кожа не само што е чувствителна , затегната и вознемирувачка, туку може да доведе и до предвремено појавување на брчки, а Elite Daily ги објавува причините, како и начини на кои можете самите да си помогнете.

1. По пливањето во базен и море, веднаш истуширајте се

Пливањето во жежок летен ден е омилена активност на повеќето луѓе, но може да ја оштети вашата чувствителна кожа ако не сте внимателни. Хлорот, но и морската сол, можат да го отстранат природниот слој на влага и масност на кожата и да ја направат сува и иритирана. Д-р Шари Сперлинг од Сперлинг Дерматологија препорачува да се исплакнете со чиста вода веднаш по капењето за да се избегне иритација на кожата. Притоа, избегнувајте генерално агресивни гелови или сапуни, бидејќи тие исто така можат дополнително да ја исушат кожата.

2. По долг ден сончање – хидратантната крема е задолжителна

И сончањето ја суши кожата, иако понекогаш ни се чини дека сонцето ни дава само убава кожа. Но, затегнатата кожа не е нужно хидрирана. Затоа, ако вашата кожа е веќе сува, тогаш нанесете хидратант на влажна измиена кожа, со што влагата ќе се впие подобро на кожата. Никогаш не го прескокнувајте овој чекор на нега и вашата кожа ќе ви биде благодарна, а можете да користите производи наменети само за „после сончање“, со Алое вера и слични состојки кои ќе ја смират..

3. Спречете ја штетата од сонцето употребувајќи крема со голема заштита

Мачкањето со крема за сончање која има широк спектар со ZF 30+ е важно во текот на летото – и повторното нанесување на секои два часа е неопходно, вели д-р Грин.При изборот на кремата, не заборавајте да проверите дали има етикета на која пишува “широк спектар” . На овој начин сте осигурани дека сте заштитени и од UVA и од UVB зраците. Покрај тоа што ве заштитува од UV зраци, кремата за сончање може да спречи предвремено стареење на кожата и да помогне во одржување на рамномерен тон на кожата.

4. Изборете се со зголемената пот и мрсната кожа со помош на средства за чистење на кожата

Во текот на летото, вашата кожа има тенденција да биде малку мрсна поради дополнителната топлина и пот. Ова може да предизвика зголемување на  акните, што може да ја иритира и на крајот да ја исуши кожата.За да се запре овој процес, д-р Сперлинг препорачува употреба на благи средства за чистење. Користете мицеларни раствори, тоници со природни состојки без алкохол, термална вода во спреј и нежно млеко за чистење, а после секое чистење повторно хидрирајте се бидејќи во спротивно кожата повторно ќе стане мрсна за да ги надомести маслата.

5. Ако постојано сте во климатизирани простории, користете посилна хидратација

Нема кожа што климатизерите нема да ја исушат, а доколку постојано сте изложени на нив, изберете креми и производи означени со X/rich/X бидејќи тие ќе навлезат во горните слоеви на кожата и ќе помогнат да се задржи влагата. Не ги занемарувајте областите како што се ушите и очните капаци, бидејќи тие исто така можат да станат суви, а доколку имате проблем со сувите очи – користете капки за оваа намена.

6. Пијте многу вода

Не постои дополнителен трик или алтернатива за ова затоа што само кожата хидрирана однатре  изгледа хидрирана и однадвор. Во текот на летните месеци, д-р Грин препорачува ограничено внесување на кафе и алкохолни пијалоци кои делуваат како диуретици и пиење на обична вода или чаеви за да се чувствувате и да изгледате подобро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi