6 работи кои треба да ги поправите доколку врската е во криза

28 мај, 2020
245207_ljubav_ff

Ужасно е чувтството кога помеѓу вас има уште емоции но ви се чини дека врската ви иде во пропаст секој ден без разлика колку и да се трудите. Иако ви изгледа дека нема начин да се поправи не се откажувајте и обидете се со помош на овие неколку совети повторно да имате среќна врска. Но знајте дека е потребеен труд и дека нема да е лесно.

Слушајте што ви збори партнерот

Многу е важно партнерот да биде свесен дека го сослушувате па ддути и дека го разбирате. Викањето и прекинувањето на партнерот додека зборува, вреѓањето никаде нема да ве одведат и поради тоа избегнете го.

Внимавајте со чувствата и грижата еден за друг

Доколку меѓу вас се уште постојат чувства тоа значи дека има надеж и дека може да се работи на врската. Трудете се да си бидете подршка еден на друг, тешете се со зборови и дела и бидете осетливи.

Сетете се на убавите времиња

Имате шанса да уживате повторно како некогаш а се што треба е да се навратите на моментите кога ви било убаво и тоа да ви е основа на врската во иднина. Разговарајте за спомените, смејте се за некои минати настани и ќе видите како ќе падне тензијата во вашата врска.

Смирете го конфликтот

Сосема е нормално да понекогаш се карат, тоа им се слушува и на најстреќните и најстабилните парови. Но ако дојдете до ивицата односно до момент кога некој може несто да изговори нешто од што потоа нема враќање назад подобро е да го смирите конфликтот. Каѓете му на партнерот дека се премногу вознемирен и дека ќе го продолжите разговорот кога ќе се оладите.

Не се навраќајте на проблемите од минатото

Многу парови го прават ова, а навистина не допринесува за подобрување на врската. Кога се карате и расправате со партнерот немојте да враќате стари расправии. Тоа обично се случува кога еден од партнерите осеќа дека ја губи расправијата и се навраќа на стари расправии за да добие баланс во расправијата сто е целосно погрешно.

Превземете одговорност за вашите постапки

Немојте целата вина да ја префрлувате на партнерот. Потрудете се да сфатите дека и двајцата ќе бидете победници ако ги поделите одговорностите за проблемите во врската, а тоа е добра подлога за подобрување на истата.