6 Совети како да ја избегнете надуеноста на стомакот

3 јуни, 20200
343236_abdominal-pain-2821941-640_f

Дури и да внимавате колку слатки сте изеле и да внимавете со времето на вечера, се случува и понатаму да чувствувате непријатна надуеност во стомакот, од кој обемот на струкот не ви се намалува. Постои решение и за тоа, но ќе мора да внимавате што јадете и пиете.

Со веќе добро познатото правило за пиење на поголема количина вода во прилог ви пренесуваме уште неколку совети со кои за брзо време ќе ја намалите надуеноста, а и со тоа ќе дојдете до повитко тело.

  1. Избегнувајте сол – поради конзумирањето на солена храна во телото се задржува повеќе вода. Затоа избегнувајте сол и храна која содржи натриум
  2. Не јадете јаглени хидрати – заборавете на тестенините и лебот бидејќи тоа се намирници кои треба да ги јадете само ако вашиот стомак не се приметува. Јадете храна која е богата со протеини
  3. Намалето го конзумирањето млеко – доколку пиете повеќе од половина литар млеко дневно, не треба да ве чуди тоа што имате проблеми со изразен стомак. Наместо млеко подобро земете чаша кисело млеко бидејќи тоа побрзо се обработува.
  4. Исфрлете ги лутите зачини од исхраната – многу зачинетата храна предизвикува зголемено лачење на киселина во желудникот и предизвикува иритација, што во ниеден случај нема да ви помогне со губитокот на масните наслаги. Користете свежи зачини кои имаат благ вкус како на пример нане кое помага при варењето на храната.
  5. Ограничете го пиењето алкохол и кафе – според некои калорични таблици, кафето има 0 калории но тоа не е сосема точно, како што не треба да верувате дека алкохолот ги согорува калориите. Тие воопшто не помагаат со топењето на маснотиите и токму надуваноста на стомакот е резултат на насобраната вода во телото.
  6. Јадете одредено овошје – иако се здрави треба да ги избегнувате јаболките и крушите бидејќи во себе содржат повеќе фруктоза па желудникот потешко ги вари. Јадете цитруси и зрнесто овошје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi