7 работи што се откриваат во првите секунди од дејтот!

3 јуни, 2020
Naslovna

Иако првиот впечаток е често погрешен, ние можеме да изградиме поголема и побогата слика за нашиот соговорник според тоа, и еве што можеме да заклучиме по само неколку секунди разговор…

Дали на лицето може да му се верува?

Доволно е само десетина од секундата за да процениме дали можеме да му веруваме на некого. Истражувањето спроведено меѓу студентите било направено така што едната група имала 100 милисекунди за да ја оцени атрактивноста, агресивноста, симпатијата, сигурноста и некои други одлики на лицата на актерите, додека другата група не била ограничена со времето. Размислувајќи за карактеристиките, на некои им требаше повеќе време а на некои помалку време, освен кога станува збор за сигурноста – и двете групи го оценија ова во иста временска рамка.

Која е финансиската состојба на лицето?

Вашиот избор на облека открива многу за вашиот финансиски статус. Истражувањата потврдија дека луѓето кои носат облека од брендирани производи (на пр. Лакосте или Томи Хилфигер) се сметаат за побогати.

Која е вашата сексуална ориентација?

Дали знаевте дека е потребно само една секунда за да се процени сексуалната ориентација на некој друг?

Дали лицето е интелигентно?

Дали некој ќе ве перцепира како интелигентна личност зависи од вашиот начин на комуникација и контакт со очите за време на разговорот. Контактот со очи остава впечаток на интелигентна личност, а најспособните луѓе знаат како да го користат и да го свртат во своја полза.

Дали лицето е склоно кон промискуитет?

Една студија открила дека Британците различно ги перцепираат жените со тетоважи – ги сметаат за помалку привлечни и промискуитетни од членовите на поубавиот пол чија кожа не е украсена со цртежи.

Дали лицето има смисла за хумор?

Иако многу мажи очајуваат поради опаѓање на косата, студијата на универзитетот во Пенсилванија откри дека тие немаат причина да жалат – ќелавите мажи се всушност опишани како подоминантни од оние со коса.

Дали има авантуристички дух во личноста?

Изгледот не е единственото нешто што луѓето го забележуваат во првите неколку моменти – некои впечатоци се создаваат од начинот на кој се движите. Луѓето кои одат порелаксирано, се сметаат за поотворени и посклони кон авантури.