8 причини зошто треба да јадете јагоди

12 април, 20200
jagodi

Овошјето е важен дел од урамнотежената исхрана, бидејќи тие содржат различни витамини и минерали, а консумирањето на овошје го намалува ризикот од разни болести, висок крвен притисок, па дури и некои карциноми.

Со консумација на јагоди, ние всушност добиваме огромен број придобивки за нашето здравје, така што тие дефинитивно треба да станат составен дел од вашата исхрана (барем за времетраењето на нивната сезона). Ако не сте сигурни, прочитајте ги следниве 8 причини зошто јагодите треба да станат вашето ново омилено овошје.

Тие се полни со антиоксиданти

Јагодите спаѓаат во храна со најголема концентрација на антиоксиданти, и тие се важни затоа што ги штитат нашите клетки од разни болести и генерално нѐ одржуваат здрави.

Природно ги избелуваат забите

Јагодите содржат јаболкова киселина која е позната како природно белило.

Тие се одличен извор на витамин Ц

Иако обично го поврзуваме со портокали, јагодите всушност содржат повеќе витамин Ц и се многу подобра алтернатива. Со јагодите, можете да го зајакнете вашиот имунолошки систем додека уживате во слатка, вкусна закуска.

Го подобруваат здравјето на вашата коса

Ако ви е здосадено од разни хемиски препарати за испукана и оштетена коса, направете каша од јагоди, додајте малку масло од чајно дрво и маснотирајте го целиот скалп. Вашата коса ќе биде мека, сјајна и без првут.

Можат да ја зголемат вашата енергија

Јагодите се полни со хранливи материи, а заради природните шеќери и јаглехидрати содржани во нив, ќе имате енергија во текот на денот.

Тие помагаат во согорувањето на маснотиите

Јагодите содржат антоцијани (кои помагаат во согорување на маснотии) и азотни соединенија кои помагаат за циркулацијата во нашето тело (а тие се неопходни за слабеење).

Помагаат во регулирање на шеќерот во крвта

Јагодите значително ги намалуваат ненадејните промени во нивото на шеќер во крвта, па затоа често се препорачуваат за дијабетичари. Иако честопати се смета дека содржат многу шеќер, тие се всушност богати со растителни влакна, вода и содржат многу малку калории.

Ја чистат кожата и спречува појава на акни

Јагодите содржат алфа-хидрокси киселина, која помага во отстранување на мртвите клетки на кожата, и салицилна и елагична киселина, кои помагаат за подмладување на кожата и затегнување на порите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi