8 знаци дека играте улога на жртва

6 мај, 20200
жртва

Како да препознаете дека играте улога на жртва:

1. Секогаш се жалите– штом приметите дека сте почнале да им се жалите на пријателите, роднините, партнерот, време е да се запрашате како да ја промените ситуацијата. Само вие можете да го промените животот на подобро.

2. Секогаш сте лути– сè додека сте лути нема да можете трезвено да ги процените ситуациите и да ги препознаете позитивните страни. Мора да научите како да ги контролирате емоциите.

3. Барате многу од другите- Никој не е должен да ги исполни вашите очекувања. За да престанете да ги обвинувате другите, најпрво треба да се прифатите себе си.

4. Страв, анксиозност, паника– со вакви емоции не можете да ја контролирате ситуацијата и да носите соодветни решенија. Додека сте во паника, свеста ви е замаглена. Негативните емоции никогаш нема да ве доведат до излез.

5. Сомнеж во себе– сè додека се сомневате во своите способности, нема да стигнете никаде. Опкружете се со луѓе кои веруваат во вас и решете се од овој проблем.

6. Негативен однос кон светот– ако постојано мислите дека некој ќе ве нападне, залудно трошите енергија. Сконцентрирајте се на позитивните работи, уживајте во моментот, смејте се, шетајте… Во светот има и убави работи.

7. Изговори– престанете да се залажувате. Не барајте изговори- барајте решенија. Потрудете се да не го одложувате решавањето на важните прашања, не плашете се од ризикување.

8. Беспомошност, очај– постои излез од секоја ситуација, само што жртвата тоа не може да го примети. Ако сега ви е тешко заради некој проблем, размислете дали тој проблем ќе виде важен за некое време?  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi