9 начини како да не се прејадувате

25 јули, 20200
prejaduvanje

Еден од најголемите проблеми и кај мажите и кај жените е честото прејадување. Бројни студии со години ја истражуваат причината која го предизвикува прејадувањето. Според досегашните резултати главни причинители се брзото јадење, емоционалната состојба и времето слободно за јадење.

Брзото јадење се јавува како најчест проблем. Завршетоците на нервите во стомакот немаат можност навреме да ја пренесат информацијата дека стомакот е доволно полн. Потребни се околу 15 минути за да се пренесе таа. Брзото јадење освен што предизвикува прејадување, ќе ве навлече на нездрав начин на исхрана, вашата телесна тежина ќе расте, а паралелно и апетитот ќе ви се зголемува. Лицата кои практикуваат брзо јадење имаат проблеми со дигестивниот систем за варење на храната.

9 начини да го одбегнете прејадувањето кои покажуваат ефективни резултати се:

Опуштете се пред да почнете да јадете

Јадењето под стрес ќе ве притиска да јадете побрзо, затоа се препорчува опуштање и на телото и на мислите, како би можеле да го почувствувате вкусот на храната и да уживате во неа.

Користете помали чинии и лажици

Според истражувањето на Универзитетот во Кингстон користењето на помали чинии и лажици доведува до внесување на помала количина на храна. Во однос на калориите ќе го поштедите вашиот организам за 70 калории помалку.

Вкусете ја аромата на првите три залаци

Станува збор за добра техника која психички ќе влијае на вашата потреба за јадење. Потсетувајќи се на вкусот од првите залаци ќе почнете да се чувствувате прејадени поради што ќе престанете со јадење.

Јадете со другата рака

Ако сте навикнати да јадете со десна рака, користењето на левата ќе ви помогне побавно да јадете и повеќе да уживате во храната. И обратно, ако јадете со лева рака, направете промена и јадете со десна рака.

Конзумирајте вода меѓу залаците

Повремено пијте вода за да го забавите внесувањето храна. Водата ќе го намали гладот и ќе ви помогне да не се прејадете.

Зборувајте додека јадете

Зборувајќи додека јадете ќе заборавите колку сте гладни, ќе го успорите внесувањето храна и ќе се чувствувате подобро. Вашиот ум нема да ја потенцира потребата од храна и навреме ќе ве спречи со јадење.

Додадете зачини или лут сос

За да ги активирате сигналните рецептори во мозокот потребно е да внесете некој зачин или лут сос кои ќе ви помогнат да го задржите вниманието на вкусот и ќе ве поттикнуваат да пиете повеќе вода.

Избегнувајте пијалоци со сода и фруктоза

Пијалоците кои содржат шеќери и сода ја попречуваат работата на хормоните и предизвикуваат зголемување на апетитот.

Пијте црн чај

Според една студија на Американскиот колеџ за исхрана црниот чај го намалува шеќерот во крвта за 10% за 2.5 часа. Црниот чај ќе ви помогне побрзо да го надминете чувството на прејаденост и ќе го намали апетитот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi