9 најголеми грешки кои ги правите при чистење на домот со кои само ги размножувате бактериите и нечистотиите!

5 август, 20200
дом

Домашните обврски се неизоставен дел од секое домаќинство. Но некои од нив навистина ни го нарушуваат животниот простор, а понекогаш и здравјето.

Често ја користите метлата

Чистењето на подот со метла е најчесто најбрзиот метод на ослободување од нечистотиите. Но користењето на метла во овие цели не е ефикасно. На тој начин нема да ја отстраните нечистотијата или прашината, напротив, ќе ја префрлите на мебелот, додека останатите ситни честици ќе го направат подот со прашина. Наместо метла користете правосмукалка.

Наместо дрвена даска за сецкање користите пластична

Иако се верува дека пластичните даски се похигиенски од дрвените, тоа не е сосема точно. Вистината е дека дрвените даски подобро ги апсорбираат бактериите.

Пластичните даски се посигурни за сечење, но само до моментот кога ќе се појават првите гребнатини.

Во тој случај синтетичкиот материјал ќе стане идеално место за развој на бактерии кои тешко ќе се искоренат.

Даската за сечење ја миете со средство за садови

Средството за миење садови ефикасно ќе ги отстани остатоците од храна од даската за сечење. Но гребнатините на даската ќе ги задржат микроскопските остатоци од храната која во допир со средството за миење лесно може да се пренесе на храната која ја сечете.

Заради тоа посигурно е даската за сечење да ја дезинфицирате со хидроген пероксид.

Водата од готвењето на оризот и тестенините или талогот од кафе ги истурате во мијалникот

Кога ќе истурите талог од кафе во мијалник можете да го затнете одводот бидејќи талогот содржи посебна конзистенција која на себе ги врзува масните наслаги во цевките. Истото важи и за водата од тестенините или оризот.

Го средувате креветот веднаш по будењето

Ако го спремате креветот веднаш по будењето, на тој начин ги привлекувате грините заради кои можете да имате алергиска реакција.

Оставете ја постелнината некое време несредена за да се исуши, а потоа пред да излезете од дома наместете го креветот.

Ги држите прозорите отворени цело време

Ова особено се однесува на станови кои се наоѓаат на сончева страна. Ако сакате да ги зачувате сјајот и убавината на мебелот, задолжително затворајте ги прозорите или спуштете ги ролетните кога сонцето е најјако.

Памучните фротирски пешкири ги чувате во купатилото

Фротирските пешкири обесени во купатилото можат да бидат место за собирање на габи и бактерии.

За да ја зачувате кожата и здравјето, најдобро е да ги менувате пешкирите на секои два дена. Важно е правилно и добро да ги исушите.

Четката за ВЦ школка веднаш ја враќате во држачот по употреба

Чистењето на ВЦ школката со четка не е пријатно за никого, па сакаме што побрзо да се ослободиме од четката. Но експертите сметаат дека тоа не е добра одлука со оглед на тоа дека со враќањето на четката во држачот веднаш по употреба се размножуваат бактериите.

Најсигурно е да се постави четката меѓу ВЦ школката и даската со рачката кон надвор за да се изгуби вишокот на влага. Кога ќе се исуши четката, тогаш вратете ја на своето место.

Средствата за чистење со распрскувач ги користите директно на површината

Ако средството со распрскувач го попрскувате директно на површината ќе се создаде тенок, за око невидлив слој на нечистотии и прашина.

Поправилно е средството да го нанесете на сунѓер или крпа, па потоа да чистите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi