Ако на ова место во домот имате огледало, тоа привлекува негативна енергија и носи несреќа

4 јуни, 20200
220173_shutterstock-1009462984_ls

Огледалото според фенг шуи има способност да рефлектира работи во вашиот дом. Тоа може да го успори или забрза протокот на енергија во просторијата. Во зависност од тоа каде е поставено може да ви донесе среќа, но и негативна енергија.

Ескпертите не препорачуваат да поставите огледало директно спроти влезната врата, тука на една од страните. Тоа никако не смее да се најде и во кујната, како ни позади вашата работна маса.

Внимавајте и што се одразува во огледалото. Се верува дека тоа што ќе се најде во одразот на огледалото има важна улога во креирањето на енергијата, па затоа наспроти него треба да се наоѓаат работи кои ве прават среќни и кои ги сакате.

Најидеално место е трпезаријата бидејќи ако сакате куќата да ви „пука“ со позитивна енергија тогаш задолжително едно огледало ставете во оваа просторија.

Исто така се препорачува огледало да се постави и во дневната соба но не позади кревет или фотеља.

Огледалото треба внимателно да го користите и во спалната соба бидејќи не е сојузник за цврст сон. Ако баш не можете без огледало во оваа просторија можете да поставите едно, но никако да не го поставувате над креветот.

Во купатилото можете да имате огледало но ако не го поставите спроти врата, Идеата за поставување на огледало спроти врата се смета за лоша идеја во било која просторија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *