Ако припаѓате на некоја од овие крвни групи оваа храна е штетна по вашето здравје: Што СМЕЕТЕ да консумирате, а што НЕ?

8 јули, 20200
NASLOVNA

Некој од нас има проблем со зголемените килограми додека пак некој со намалена телесна тежина, други пак поради зголемените масни вредности и тежината имаат проблеми со кардиоваскуларниот систем, депресијата, искривен рбетен столб, лошо варење како и др. здраствени проблеми. Според тоа како се храниме така и изгледаме односно внесувањето на поголема количина на масна и зачинета храна не може да ни донесе ништо добро, додека пак лошиот избор на продукти може исто и тоа како да го наруши нашето здравје.

Храната е нашето гориво, и благодарение на продуктите кои ги внесуваме зависи дали ќе бидеме полни со енергија или пак спротивното.

Др. Питер Дадамо објави книга на оваа тема – дали крвните групи се поврзани со исхраната, што наиде на остри критика дека оваа теза не е научно подржана. Меѓутоа др. Дадамо објаснува дека крвната група е важна генетска „електрана“ со големо влијание на имунитетот, метаболизмот и процесот на варење на храната и дека на секоја крвна група и одговора и посебна храна.

Додека од една страна имаме позитивни примери дека овој начин на исхрана е исправен од друга страна имаме научни студии кои пак велат дека крните групи немаат толкава поврзаност со исхраната. Мислењето е поделено не само кај научниот свет тука и кај нутриционистите.

  • иако нема некоја научна подржаност, јас лично сметам дека има смисла оваа теза. На пример да речеме дека на крвната група А и одговара секаков тип на храна. Пред се препораките се однесуваат на здравите навики и во тоа нема ништо лошо. Сепак на крајот секој од нас знае што му одговара, а тоа се однесува и на храната која ја конзумираме. Мој совет е дека нутриционистите треба да состават исхрана за оние кои сакаат да го сменат режимот на исхрана, при што може да искористат и нешто од оваа препорака доколку тоа му одговара – рече нутриционистката Ивана Николиќ Јовановиќ

Вистина или мит, иако нема научна подлога овој начин на исхрана почнуваат да го применуваат повеќе од 7 милиони луѓе низ целиот свет. Еве што вели во врска со тоа и др. Дадамо:

Крвна Група А

Според др. Дадамо за крвната група А одговара вегетеријанска храна бидејќи оваа крвна група има билошки предиспозиции за срцеви заболувања, рак и дијабетес. Крвната група А треба да избегнува месо и според неговиот совет луѓето од оваа крвна група треба од својата исхрана да ги исфрлат месните продукти како што се шунка, кобасици и месни нарези. Се препорачува риба и морски плодови и тоа три до четири пати во неделата. 

Хрaна што се препорачува:

од месните производи може да се направи исклучок за лосос, сардина, скуша и шаран. Добро е да се користи маслиново масло, семе од тиква како и ленено семе, ореви, кикирирки и путер од кикирики. Од мешункасти продукти се препорачува боранија, соја, леќа. Исто така може да се користи и леб од лен како и овес. Од зеленчукот може бел лук, репка, целер, ѓумбир, зелена салата, магдонос, спанаќ како и моркови. Додека пак од овошјето пожелно е да се конзумира ананас, боровница, брусница, кајсии, капини, смоква, сливи, цреши. Од пијалоците се препорачува црно вино, цај од шипка, кафе, сок од кајсии или капини.

Неутрална храна:

тука спаѓа мисиркиното и пилешкото месо, филети од бела риба, скуша и туна како и јајца, фета сирење, јогурт, кефир, кисела павлака, козјо млеко и сирење. Во неутралната искрана се и белиот грав, грашакот и зелената боранија.

Храна која треба да се избегнува:

она што треба да го избегнувате во исхраната е говедско, јагнешко, свинско, телешко и овчо месо, сланина, лигњи и школки. Тука спаѓа и кравјото млеко, намазот од сирење, путер, сладолед. Истот се однесува и на маргаринот, масло од палма и свинска маст. Потоа зелка, маслинки, пиперки, домати, сладок компир, туршија салата. Од овошјето да се избегнува банани, диња, портокали, мандарини  и кокос. Од пијалоците газирана вода, пиво, сокови од домати, портокали и жестоки пијалоци.

Крна група О

На крвната група О и одговараат месни протеини според др. Дадамо. Она што не се препорачува за оние со оваа крвна група се млечни производи како и житарици. Колку ви е постресна работата толку имате поголема потреба за конзумирање на протеини. Припадниците на ова крвна група полесно го варат месото и нивниот метаболизам има поголемо ниво на желудочна киселина и ензими кои ги разградуваат мастите. Меѓутоа треба да се внимава на балансирање на протеините внесени преку месните производи и протеините внесени преку овошјето и зеленчукот се со цел да се регулира потребата за антиоксиданти.

Хрaна што се препорачува:

говедско, јагнешко, овчо и телешко месо се препорачува како и скушата и пастрмката. Маслиново масло, семки од тиква и лен, ореви. Од зеленчукот може брокула, тиква, црвен лук, ѓумбир, магдонос, спанаќ, зелена салата. Овошје банана, боровници, смокви, суви сливи и цреши. Зелениот чај истот така е препорачлив.

Неутрална храна:

на оваа листа се наоѓаат мисиркиното и пилешкото месо, сардина и туна. Фета, младо и козјо сирење, јајца, бадеми и лешници како и сусам. Од зеленчукот се издвојува целер, цвекло, домати, млад лук, домат, печурки, ротквици и моркови додека пак од овошјето за неутрално се смета ананасот, праска, брусницата, дуњата, нектаринот и лубеницата.

Храна што треба да се избегнува:

од месо шунка, сланина и свинско месо, лигњи и школки. Од млечните приозводи јогур, кефир,  кравјо млеко, путер и крем сир. Од житариците пак да се избегнува пченичното и интегралното пченично брашно, јачмен и мусли. Компирот, празот, авокадото, кивито и портокалите исто така да се избегнуваат додека од пијалоците се издвојуваат белото вино и црниот чај.

Крвна група АБ

Во публикацијата на др. Питер Дадамо оваа група се карактеризира како ретка и биолошки комплексна крвна група која не се вклопува во ниедна категорија бидејќи некогаш наликува на крвната група А, некогаш на групата Б, а понекогаш и на ккомбинација на двете групи пред се поради антигени кои ги содржи.

Хрaна што се препорачува:

треба да се конзумира мисиркино месо, лосос, сардина, туна како и белки од јајца, кефир, кисела павлака, сирење и јогурт. Потоа следува маслиновото масло, кикирики, ореви, костени, путер од кикирики, леќа, соја, шарен грав, бел и интегрален ориз, бисквити, овесна каша и овесни трици, рж, соино брашно. Од зеленчук се предлага бел лук, брокула, целер, цвекло, карфиол, магдонос и сладок компир додека пак на листата на овошја се наоѓаат ананас, брусница, грозје, грејпфрут, лимун, лубеница, смокви, сиви, цреши. Од пијалоците може чај од камилица, шипка и зелен чај, лимонада, сокови од ананас, грозје, лубеница и цреши.

Неутрална храна:

од овој тип на храна се препорачува говедско, јагнешко, овчо, зајачко месо како и кравјо млеко, крем сир, сирење и жолчки од јајца.

Храна која треба да се избегнува:

советот на др. Дадамо е дека треба да се избегнува говедско и пилешко месо, ослиќ, шкампи и школки како и путер, шербет, сладолед и пармезан. Истото се однесува и за маргаринот, маслото од палма и сончоглед, свинската маст како и лешниците, макот, сончогледот и сусамот. Авокадото и бананата спаѓаат во овошјата кои не треба да се јадат додека од пијалоците да се избегнува сок од портокали и жестоки пијалоци.

Крвна Група Б

Припадниците на оваа крвна група се најиздржливи во поглед на тешките болести како што се васкуларните заболувања и ракот. Нивната исхрана е со широк дијапазон на намирници и истата е избалансирана и здрава.

Храна која се препорачува:

многу е важно да се конзумира јагнешко, зајачко, црвен лосос, кавијар, ослиќ, сардина, туна и скуша. Фета сирењето, јогуртот, кефирот, кравјото млеко како и козјото сирење и млеко, младото сирење, додека од маслата се препорачува маслиновото. Здрави исто така се и обичниот грав, овената каша и трици. Посакувани намирници се и брокула, цвекло, ѓумбир, карфиол, зелка, пиперки, магдонос, слаткиот компир, морковот како и ананасот, бананата, брусницата, грозјето, лубеницата и сливата. Се препорачува чајот од магдонос, шипка, жалфија, зелен чај, сок од ананас, грозје.

Неутрална храна :

од неутралните месни производи се издвојуваат мисиркино и говедско месо, бела риба, лигњи, сом, крап. На оваа листа се наоѓаат и јајцата, крем сир, путер, грав, грашак и боранија. Од житарките ориз, бело брашно, јачмен, и соино брашно. Зеленчук бел и црвен лук, блитва, целер, кисела зелка, краставици, тиквици, додека од овошјето боровница, бресква, диња, дуња, портокали, нектарини, суво грозје, суви сливи.

Храна која треба да се избегнува:

пилешкото и свинското месо како и шунката и сланината се на оваа листа од месните производи додека од млечните не се препорачува сладолед. Истот се однесува и на свинската маст и маслото од палма како и за семките од тиква, кикириките, лешниците и путерот од кикирики. Глутенското брашно, леќата, пченичната каша и гриз, како и рженото брашно исто така не треба да се конзумира. Во пијалоците спаѓаат чај од липа, газирана вода и соокови, соино млеко, сок од домати, жестоки појалоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi