АКО САКАТЕ ПИВО, ИМАМЕ ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ВАС: Дали знаевте дека го штити срцето, помнењето и ви помага да изгубите тежина?

14 ноември, 2020
pivo

Пивото е омилен пијалок ширум целата планета, а љубителите на пивото често ќе ви кажат дека сметаат дека е нешто без кое не би можеле да замислат вечерно излегување.

Се разбира, ништо не треба да се претерува, дури ни пивото, но дали знаевте дека содржи супстанции што го штитат организмот, па дури и помагаат во слабеењето?

Пивото нè штити од развој на камења во бубрезите, објави Клиничкиот журнал на Американското здружение на невролози. Го намалува лошиот холестерол бидејќи содржи растворливи влакна, според Американското здружение на кардиолози, пивото ги штити и коските и помага во намалување на ризикот од остеопороза.

Пивото содржи биоактивни супстанции кои „пристигнуваат“ во него за време на процесот на ферментација. Една од нив е ксантохумол, супстанца која штити од сериозни болести спречувајќи го штетниот развој на нови крвни садови.

Оваа супстанца исто така го забавува растот на нови масни клетки, што значи дека може да го забрза слабеењето.

Супстанциите што се наоѓаат во безалкохолниот дел од пивото се добри и за заштита на срцето, вели лекарот и автор на книгата „Како да се победи болеста со храна“, д-р Вилијам Ли.

Ксантохумолот е исто така важен за зачувување на мозочните функции, како што е меморијата.

Една епидемиолошка студија покажа дека конзумирањето на пиво го намалува ризикот од развој на рак на бубрег.

Експертите предупредуваат дека алкохолните пијалоци не треба да се консумираат претерано, а пивото содржи и многу калории, затоа бидете внимателни кога го консумирате.

escort - Korsan taksi