Ако со партнерот не зборувате за овие работи, вашиот брак е на нула: Порано или покасно, разводот е неминовен!

25 јуни, 20200
Annotation 4

За изградба на здрави и трајни односи помеѓу партнери, главната компонента секогаш била, и ќе биде – комуникацијата

Постојат дури 9 работи за кои морате да разговарате со партнерот:

1. Заедничка иднина (целите на вашиот брак)  

2. Вашите потреби и барања (што очекувате во бракот, што е тоа без кое не можете во бракот)  

3. Финансиски прашања  

4. Вашето мислење (пред мажот морате да бидете во состојба да го изнесете своето мислење, а тој да не го прифати со потсмев)   

5. За интимноста во бракот (Што ви одговара? Што не ви одговара? Желбите околу тоа како ќе се одвива вашиот интимен, брачен живот и слично)

6. Разликите помеѓу вас, сопружниците (спротивностите се привлекуваат)

7. Други луѓе (лицата од вашето опкружување кои не ви одговараат вам или на вашиот брак)

8. Развој и раст на личноста во бракот (ако сте се омажиле, не значи дека сте престанале да живеете. Зборувајте и поддржувајте се меѓусебно во развојот на физичките и менталните способности)  

9. Проблеми (сопружниците мораат да бидат упатени во проблемите кои ги имаат како поединци, вашиот партнер мора да биде ваш најдобар пријател)  

Запаметете: совршен брак не постои. Секој однос бара макотрпна работа и труд, но со вистинската личност тоа не е тешко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *