АКО СОНУВАВТЕ ДЕКА ГО ИЗНЕВЕРУВАТЕ ПАРТНЕРОТ, не го занемарувајте тоа! Вашата потсвест има да ви каже нешто

26 август, 2020
332887_spavati_ls

Според Лоенберг, втората најчеста причина за соништата во који го изневерувате својот партнер е тоа што сметате дека на тековната врска ѝ недостасува возбуда и страст.

Некои луѓе сонуваат почесто, некои поретко, но ретко се случува некој никогаш да не сонува ништо.

Понекогаш тие се повторуваат, а најчесто преку нив проектираме нешто што потсвеста сака да ни каже.

Како и во случајот со многу други ситуации, така и сега кога сте го изневерувале партнерот, може да има значење. Или повеќе значења.

Ова, се разбира, не значи дека треба веднаш да паничите, да му признаете на партнерот дека сте го изневериле во сонот или да мислите дека сте лоша личност.

„Соништата не ги следат правилата, но ниту границите на моногамијата“, вели Деирдре Лаих Барет, докторка по психологија, која држи курсеви за соништа на Харвард. Секој може да сонува за неверство, дури и онаа совршена двојка од Инстаграм што ја следите, иако понекогаш може ви одат на нерви. Всушност, скоро 60% од жените сонувале дека го изневеруваат својот партнер, според студијата од 2018 година, што беше спроведена на скоро 1.000 луѓе. Но, за да можеме да го толкуваме она што соништата навистина сакаат да ни го кажат, Барет предлага прво да размислите за неколку работи.

Што е изневерување за Вас и како изгледал сонот?

Прво одлучете каква е дефиницијата за неверство за вас, а потоа поставете си прашања, како што се: Што точно направивте во сонот, како се чувствувавте, дали партнерот се појави во тој сон или едноставно бевте свесни за неговото постоење. Метафоричкото значење на сонот би можело да „лежи“ во овие одговори.

Тие би можеле да имаат неколку значења, и овие се најчестите:

Вие се чувствувате виновни за нешто во реалниот живот

„Во истражувањето и искуството да им помогнам на клиентите да ја разберат пре љубата во сонот, открив дека главната причина зошто луѓето изневеруваат во соништата е затоа што, длабоко, тие се чувствуваат виновни или загрижени за нешто што прават“, вели Лора Лоенберг, овластен аналитичар за соништа и член на Меѓународното здружение за проучување на соништата (IASD). Но, повторно, во зависност од ситуацијата во која се наоѓате, може да биде сè. Од напорната работа, нови бебиња до неважни мали нешта. Ако ова ви звучи познато, размислете како да ја вратите рамнотежата во вашиот живот и отворено да разговарате со партнерот. Дали премолчувате нешто?

Можеби сте го изневериле претходниот партнер

Иако сте верни на вашиот сегашен партнер, можеби порано не сте биле. Ова е многу важно кога станува збор за толкување на соништата, вели Лоенберг. „Неверството може да биде трауматично и тешко да се излечи. Дури и ако помина една година, или повеќе од изневерувањето, емотивната лузна често останува“, објаснува таа. „Тоа вклучува лузна за вина кај лицето што изневерува“. Значи, ако сонувате за нешто што има врска со вашето изневерување од претходна љубовна врска, време е да размислите што ја предизвикало таа вина и да разговарате за тоа со вашиот сегашен партнер, пренесува „miss7“.

Нешто ви недостасуваш во тековната врска

Според Лоенберг, друга најчеста причина за соништата во кои го изневерувате партнерот е тоа што сметате дека на тековната врска ѝ недостасува возбуда и страст. Дали имате впечаток дека почетната искра меѓу вас и вашиот партнер исчезна? Не бидете изненадени ако тоа е случај. На крајот на краиштата, можеби сте биле зафатен со други работи во врската долго време,. Време е да се посветите едни на други и да видите дали тоа е вистинскиот чекор за двајцата.

Ги компромитирате вашите принципи

Можеби нема да можете да посочите област во вашиот живот што сметате дека е погрешна или честопати размислувате за „како само стигнав овде?“, Но вашиот сон можеби се обидува да ве натера да сфатите дека, на некој начин сте ја компромитирале вашата етика и вашата потсвест не се согласува со тоа. „Секој ден ние потиснуваме и занемаруваме многу работи за кои мислиме дека не се важни“, вели Барет. „Нашите соништа не цензурираат вакви работи. Тие можат да ви помогнат да се вратите на вистинскиот пат “.

Можеби ви се допаѓа друга личност

„Лесно е да сонувате за некого, особено во сексуална смисла, без притоа да бидете свесни дека таа личност е привлечена кон вас“, вели Барет. Оваа ситуација често се случува ако ви се допадне одредена личност на работа или додека пешачите на пр. После вашиот контакт или разговор, можно е сексуално да сонувате за таа личност. Се разбира, тоа не значи дека ќе го сторите тоа во реалниот живот. Вашата потсвест одлучи да размисли за тоа, но она што ќе направите ќе зависи исклучиво од вас.

Во моментов сте незадоволни од вашиот сексуален живот

Сон во кој го изневерувате партнерот не мора секогаш да зборува за чин на изневерување. „Општ недостаток или слаб квалитет на секс, исто така може да биде причина за овие соништа“, вели Лоенберг. Тоа можете да го препознаете со деталите. Ако сонот бил повеќе фокусиран на партнерот, позициите и чувствата што ги имате за време на сексуалниот однос – можеби тоа е поентата. Сонот за афера во текот на летото може да значи дека едноставно сакате да одите на одмор и дека ви недостасува малку авантура и страсна атмосфера со досегашниот партнер.

escort - Korsan taksi