Ако телефонот ви кочи, „сецка“ и забавува обрнете внимание на ова!
Секој уред има оптимален опсег на температура на кој работи најдобро. Колку е повисока или намалена температурата, толку е поголема веројатноста дека уредот „не ќе успее да послужи“ и може да остане трајно оштетен. Затоа е советот да се избегнува употреба на паметни уреди во вакви услови. Високите температури можат да влијаат врз одредени компоненти во уредот.
Ова може да доведе до сопирање и „сецкање“, забавување или исклучување на уредот и таквата состојба го скратува траењето на батеријата. Поради сето ова, паметните телефони не треба да бидат оставени на директна сончева светлина, во автомобили, на прозорци или во близина на светлосни рефлектирани површини, бидејќи тоа може да доведе до пораст на температурата. Ако вашиот уред е исклучително жежок на допир, не треба да го користите сè додека не се олади.