Ако веднаш престанете да пушите и започнете да вежбате, дури и со хронична болест – колку долго би живееле?

23 септември, 2020
woman-30572941920-830x0

Се однесува и на оние кои имаат хронични заболувања

Ако не сте пушач или сте се откажале од цигари, а исто така редовно вежбате, можете да го продолжите животниот век од шест до осум години, дури и ако веќе имате хронично заболување до моментот кога ќе го прочитате ова.

Истражувањето спроведено во Велика Британија на примерок од 480 000 испитаници покажа дека оние кои никогаш не конзумирале цигари имаат најголеми шанси да го продолжат својот животен век; проследено со редовно вежбање, придржување кон здрава исхрана и избегнување алкохол.

Студијата траеше шест години и во неа учествуваа луѓе кои имаа една или повеќе од 36-те најчести хронични заболувања. Хронична болест се дефинира како долгорочна физичка или ментална состојба, вклучувајќи рак, деменција, дијабетес, астма, срцева слабост и анксиозност. Истражувачите ги анкетирале учесниците за нивните навики во исхраната и ги забележале нивните други навики – без разлика дали се пушачи и колку често вежбаат неделно. Тие исто така ги зедоа предвид етничката припадност, работниот статус и индексот на телесна тежина.

Кај мажи со две или повеќе хронични болести, „многу здравиот“ начин на живот го продолжил животниот век за 6,3 години, а „здравиот“ начин на живот за четири години. „Многу здрав“ начин на живот за жените донесе придобивки во форма на дополнителни 7,6 години живот, и „здрав“ продолжен животен век за 6,4 години.

На 45-годишна возраст, пушачите имале пократок век на траење од пет до шест години отколку непушачите.

Научниците велат дека нивните откритија сугерираат дека усвојувањето здрав начин на живот за да се намали ризикот од хронични заболувања може да има корист и за оние кои веќе имаат едно или повеќе хронични заболувања.

– Здравиот начин на живот, а особено воздржувањето од пушење, може да го продолжи животниот век за седум години – тврдат авторите на студијата.