Атрактивноста не е само физичкиот изглед – овие 5 карактерни особини ве прават привлечни

9 јуни, 20200
imageedit_198_3277395597

Клиничките психолози на темел на долгогодишното искуство направија попис на луѓето чии особини ги прават привлечни и атрактивни за другите.

Кога ќе го чуеме зборот „атрактивно“ веднаш помислуваме на физичка атрактивност. Иако физичкиот изглед има важност, за многу други дефинитивно не е најважната карактеристика.

Со текот на годините, клиничкиот психолог др. Сет Мајерс советувал безброј парови и сингл мажи и жени, и потоа направил попис на особини кои ја прават личноста привлечна на другите.

  • „Иако многумина имаат една или две од овие карактеристики, целта е да ги имате сите и поради нив ќе бидете привлечни како потенцијален партнер. Ако сега немате ниедна од нив, почнете уште од денес и поставете си цел да го промените тоа.“ – објаснува тој.

Колку повеќе атрактивни особини имате, толку повеќе е веројатно дека ќе пронајдете партнер кој е еднакво атрактивен – физички и психички. Еве кои се дел од тие карактеристики:

Силно развиени вештини за слушање

Една од работите за кои најмногу сакаме да разговараме е…самите нас! Кој не сака да помине време со личност која не знае да ве сослуша? Тие се вистинските дијаманти меѓу луѓето, поради кои се чувствуваме важни и знаеме дека некој се грижи за нас. Ако знаеш да слушаш, тоа веднаш те прави попривлечен на другите, и е нешто за кое треба да се гордееш.

Отвореност за нови искуства

Кога ќе почнете да се дружите со некого, брзо дознавате сѐ за таа личност, каква фамилија има, колеги, интереси, хобија и карактерни особини. Но, сетете се дека ако сте личност која е отворена за пробување нови работи, тоа  е огромен плус за вашиот карактер. Има многу луѓе кои не сакаат да влезат во врска бидејќи дружењето го сфаќаат како обврска или премногу труд. Ако сте личност отворена за нови искуства, уживате во патот до среќата исто колку и крајниот резултат. Флексибилноста и отвореноста се знак на исклучително атрактивни личности.

Смисол за хумор кој навистина ги смее луѓето

Едноставно кажано, постојат разни видови на хумор. Сепак, некои луѓе се едноставно посмешни од другите. Имаат смисол за хумор кој е толку посебен што не можеме да си помогнеме, а да не се насмееме на глас на некои од нивните шеги. Ако имате смисол за хумор кој навистина ги смее луѓето, треба да знаете дека поседувате одлика која е една од најатрактивните кај луѓето.

Внимателно и топло однесување

За почеток, не станува збор за само сексуални допири. Станува збор за начинот на кој физички се однесувате со луѓето додека шетате на улица, вечерате со нив или седите на каучот гледајќи филмови. Тој вид на допири и наклонетост – спремноста да направите другата личност да се чувствува добро и физички да се поврзете не на сексуален начин – е најважната работа за многу луѓе кога станува збор за атрактивни особини.

Талент за самосвест и саморефлекција

За крај, психологот открил дека овие особини се најценети кај идните партнери, како и во долгите врски. На почетокот можеби некој изгледа привлечно и шармантно, но тоа не се факторите поради кои ќе останете среќни заедно долго време.

Додека незрелите личности се бранат и ги префрлуваат проблемите на партнерот, оние кои се свесни за своите грешки и однесување ќе ве ислушаат што сакате да кажете и искрено ќе ви се извинат ако згрешиле, научувајќи ја лекцијата. Ако можете да ги признаете своите слабости, тоа е најактрактивното нешто за другите луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi