Бакнувајте се секогаш кога можете: 5 причини зошто бакнежот сè лекува

22 јуни, 20200
kiss-4349121_1920

Бакнежот не е само израз на љубов, доказ дали навистина го пронајдовме вистинскиот партнер, туку може и да го зајакне и имунитетот.

Постојат многу причини зошто е препорачливо да се бакнувате што е можно почесто, а овој пат издвојуваме пет корисни својства на бакнеж.

Го зајакнува имунитетот

Многу студии тврдат дека бакнувањето може да го зголеми имунитетот на жената кон цитомегало вирус. Исто така, страсните бакнежи можат да бидат многу корисни за вашето орално здравје.

Со бакнување, споделувате добри микроби, така што ако вашите орални микробиоми не се разновидни и здрави, споделувањето со партнерот кој има здрави микробиоми ќе ви помогне да го подобрите вашето орално здравје.

Помага при изборот на најдобриот партнер

Антропологот Хелен Фишер го опишува бакнувањето како „средство за проценка на партнерот“. Таа тврди дека кога се бакнуваме, мозокот ги доживува скоро сите сетила во исто време: мирис, вкус, допир и температура. На тој начин можеме целосно да ја почувствуваме другата личност и да ја оцениме.

Други истражувачи истакнуваат дека бакнувањето е биолошки начин за да одредите со кого сте генетски компатибилни по природа. Затоа првиот бакнеж не е важен само затоа што е ПРВ, туку може да утврди дали ќе ја продолжите врската или не.

Согорува калории

Иако бројките не се големи, сепак треба да се споменат и бакнувањето согорува две до шест калории во минута.

Затегнува мускулите на лицето

Додека се бакнувате, користите 30 мускули кои можат да помогнат во затегнување на мускулите на лицето.

Природна релаксација

Бакнувањето го зголемува нивото на окситоцин, допамин и ендорфин, хормони на среќа кои ни помагаат да се опуштиме и да се чувствуваме многу подобро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *