Без ботокс и филери, Меланија Трамп ја открива тајната за својот совршен изглед на 50 години!

3 мај, 20200
меланија

Меланија Трамп неодамна го прослави својот 50 роденден, а благодарение на нејзината витка линија никој не може да поверува дека таа има толку години. Поранешната манекенка сè уште изгледа како супер модел, а многумина се прашуваат која е тајната на нејзината младоликост.

“Ништо не сум правела на лицето”

Наводно, Меланија не ја дели спалната соба со сопругот и тие спијат одвоено. Таа се буди рано и го подготвува нивниот 14 годишен син Барон за во училиште.

Јаде најмалку седум овошки на ден, а денот го започнува со смути или со каша. Таа е против ботоксот и интервенциите и тврди дека само со здрав начин на живот изгледа младо и здраво.

– Која е поентата на ботоксот и зголемувањето на усни? Ако тоа ве прави среќни, во ред. Но тоа не е за мене- изјавила во едно интервју.

Размислува како жените од постарите генерации

Во едно интервју таа изјавила дека сака да старее грациозно, исто како нејзината мајка.

Меланија кажала дека многу води сметка за своето лице, дека и е важно да ја хидрира кожата и да ја штити од сонце. Секако, никогаш не оди во кревет без да ја отстрани шминката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *