Без хемикалии и потполно безбеден: Направете свој омекнувач од само ДВЕ СОСТОЈКИ !(РЕЦЕПТ)

15 септември, 2020
ХЕМОЈА НАСЛОВ

Не ви се допаѓа да купувате омекнувач затоа што не сте целосно сигурни колку се штетни хемикалиите во него? Имаме едноставно решение – направете сопствен омекнувач од две состојки.

Вие не би поверувале што е тоа што може да ги направи вашите алишта меки без употреба на какви било сомнителни материи.

Клучната состојка е солта! Обична кујнска сол што ја користите секој ден во вашата кујна и која секое домаќинство сигурно ја има. Ќе ги омекне алиштата и за да му дадете убав мирис, посегнете по феноменални есенцијални масла. Користете ги аромите што најмногу ви се допаѓаат, на пример јасмин, бергамот или лаванда, а можете да користите и цитрусни кои се погодни за летен период.

Потребни состојки:

  • 4 чаши сол
  • 20 капки есенцијално масло

Измешајте ги сите состојки и чувајте ги во херметички затворени тегли.

Ако водата во вашиот дом е многу тврда, тогаш користете ¼-½ чаши сол за секоја полна машина, а неколку лажици ќе бидат доволни за мали количини алишта.

Обавезно пробајте, ефикасен е и ќе заштедите многу пари на омекнувачи.

escort - Korsan taksi