Бидете внимателни со диетите на долг рок: може да имаат СПРОТИВЕН ефект или да бидат ШТЕТНИ за Вашето здравје

8 август, 20200
1289767

За да се доведе телото во состојба на кетоза, луѓето на кето диета трошат многу малку јаглени хидрати. Многу познати личности како Леброн Џејмс и Кортни Кардашијан сметаат дека таквата диета е најдобриот начин за слабеење.

Д-р Шивам Џоши, кој работи во болницата „Белви“ во Њујорк и предава медицина на универзитетот „Њујорк“, смета дека елиминирањето на најздравата храна од диетата е лош потег. Д-р Џоши јавно го искажа своето мислење во написот во списанието „Јама интерна медицина“ каде вели дека „ентузијазмот ги надминува доказите“ дека кето исхраната е добра.

Д-р Џоши ја гледа кето диетата како и сите други такви диети – како привремен тренд.

Луѓето на кето диета добиваат околу 70 до 80 проценти од нивните калории од маснотии, околу 15 проценти од протеини, а само 5 проценти од јаглехидрати. Д-р Џоши верува дека ваквите диети ги намалуваат сите јаглехидрати на заеднички лош именител што не го заслужуваат.

„Многу луѓе кои користат кето диета сметаат дека јаглехидратите се лоши. Јас не ги бранам рафинираните јаглени хидрати,туку нерафинираните како овошје, зеленчук, зрна, грав, леќа и друга слична храна. Овие се меѓу најздравите намирници на планетата “, вели д-р Шивам Џоши.

Нутриционистите генерално се согласуваат со мислењето на д-р Џоши. На пример, луѓето кои јадат повеќе кафеав ориз и јачмен живеат подолги и поздрави животи.

„Повисок внес на  жито е поврзан со помал ризик од кардиоваскуларни заболувања и карцином“, велат експертите од ЦДЦ.

Медитеранската диета, на пример, е поврзана со побавен когнитивен пад и намалени симптоми на депресија. Она што е заедничко на медитеранската диета и кето диетата е намален внес на рафинирани јаглени хидрати, како што е бел леб и крофни.

Рафинираните јаглени хидрати даваат кратко време чувство на ситост, а значително го зголемуваат шеќерот во крвта и предизвикуваат зголемување на телесната тежина и ја зголемуваат можноста за срцеви заболувања и дијабетес.

Друг најголем проблем што го има д-р Шивам Џоши со кето диети е недостатокот на податоци за долгорочните ефекти што ги имаат врз човечкото тело. Кето диетите постојат во различни варијанти уште од 19 век, но има многу мал број стручни трудови и истражувања за нив.

Постојат голем број на можни штетни последици – од бубрежни камења до недостаток на железо во крвта – но кето диетата не е доволно истражена за да може да извлече какви било општи заклучоци. Кога се додава на ова дека не секоја диета е добра за секој човек, сосема е јасно дека некои луѓе ќе бидат воодушевени од кето диетата, додека други ќе имаат различни проблеми заради тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *