Билкарите се колнат во оваа чудотворна напивка: Лечи депресија, го намалува стресот, ги смирува напнатите нерви!

22 јуни, 20200
Annotation 2020-06-22 152059

Кантарион или  Богородична тревка, како што уште се нарекува ова растение, е многу ценето во народната медицина. Тој е најефикасен во лечење на проблеми со црниот дроб и жолчката, но најдетално истражено е неговото дејство против депресија.

Клинички е докажано дека кантарионот може значително да го подобри расположението и да ги намали депресивните состојби. Исто така, го намалува чувството на исцрпеност, замор и безволност. Помага при фобии и нарушувања на спиењето. Успешно се користи кај луѓе кои имаат потешкотии со спиењето и концентрацијата, а се препорачува и за жени во менопауза.

Во овој случај, најчесто се користи чај или тинктура. Антидепресивниот ефект настапува полека и по две недели се забележуваат промени.

Тинктурата против депресија се прави од 20г свежо исушени цветови. Прелијте со 100 ml 70% алкохол. Оставете да одстои најмалку две недели и потоа процедете. Се зема два до три пати дневно по 20-30 капки во чаша вода. Терапијата треба да трае од четири до шест недели, но пред користење посоветувајте се со лекар, особено ако имате проблеми со анксиозност.

За антидепресивен чај, оставете една до две лажички сув кантарион во врела вода десет минути. Пијте чаша чај наутро и навечер. За подобри резултати, чајот треба да се пие четири до шест недели по ред.

Напомена: Овој чај не се препорачува на трудници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi