Боледувате ли од проклетството на спориот метаболизам??

19 јуни, 20200
391dd94688922683be2464971568789254920d96_articlemain

Шегата настрана, можеби сте една од многуте жени фрустрирани од фактот дека и покрај диетата и редовното вежбање, никогаш не успевате да ги изгубите вишокот килограми. Во такви ситуации, луѓето обично мислат дека се што е потребно е да јадат уште помалку и да вежбат уште повеќе, но научниците тврдат дека претпоставката не е толку едноставна како што мислите.

Студијата неодамна објавена во списанието „ Diabetes“ тврди дека некои луѓе ја имаат несреќата да имаат бавен метаболизам што може да предизвика главоболки ако сакаат да изгубат одреден број килограми. Истражувачите спровеле студија за 12 дебели волонтери кои биле на строга диета за слабеење за 6 недели. Еден ден јаделе нормално, а следниот само половина од калории од претходниот ден, а секој ден внимателно се следел нивниот енергетски дефицит или загуба на калории.

Она што тие го откриле е дека не секој изгубил ист процент на тежина, односно најмалку изгубени биле оние субјекти кои имаат бавен метаболизам, кој дополнително се забавувал со намаленото внесување на калории за да ги „задржат“ потребните хранливи материи. Оние луѓе кои имаале најбрз метаболизам и чиј метаболизам забави лнајмалку со намален внес на калории, изгубиле најмногу килограми.

Значи, ако и покрај вашите напори, имате проблем со губењето вишок килограми, едноставно може причина за тоа е имањето на бавен метаболизам. Сепак, научниците исто така имаат лек за тоа и веруваат дека е клучно да не прескокнувате оброци и да вежбате поинтензивни вежби покрај кардио тренингот. И, се разбира, никогаш да не се откажувате!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi