Целта е да се стане човек, а среќа е да се остане дете: еве зошто е важно да го зачувате детето во себе!

28 април, 20200
дете

Кога сме деца, сонуваме да пораснеме верувајќи дека животот тогаш е поинтересен. А кога од топлото детство ќе се префрлиме во светот на возрасните, сфаќаме дека било поубаво таму назад.

Децата се мали луѓе кои се искрени, нежни, невини. Затоа, прифатете го детето во себе, прегрнете го цврсто и дозволете насекаде да ве води таа искра радост. Бидете сигурни, тоа никогаш нема да ве изневери.

Децата се секогаш искрени и отворени и ако задржите барем дел од нивната непосредност, ќе имате здрави односи со луѓето. Не се оптеретувајте со баналности.

Радувајте им се на малите работи, бидејќи во нив лежи вистинската среќа.

Нема да бидете несериозни доколку понекогаш малку “полудите”. Правете го она што ве прави радосни.

Ако ви се скока, скокајте! Ако ви се игра, играјте, танцувајте! Чувајте го детето во душата и заиграјте со него, со чисто срце и искрена насмевка.

Најубавите луѓе се оние кои го чуваат детето во себе!

Во тој контекст, еве неколку цитати од големите мислители:

– “Најголемиот човек останува дете”, Јохан Волфганг Гете

– “Не престануваме да си играме зашто сме стари, туку стари сме зашто сме престанале да ги играме”, Џорџ Бернард Шо

– “Целта е да се биде човек, а среќа е да се биде и остане дете” , Хелен Келер

– “Секое дете се раѓа како божество. А потоа се симнува на ниво на човек”, Симон де Бовар

– “Ако срцето ни е полно со љубов, секој кого ќе го сретнеме ќе биде наш брат или сестра. Така живеат децата- едноставни и природно прифаќајќи ги другите”, Далај Лама

– “Човек се зближува најмногу кон себе кога ќе постигне сериозност која ја има дете додека си игра”, Хераклит

– “Секое дете е уметник. Тешко е да се остане уметник додека излегуваме од детството”, Пабло Пикасо

– “Децата брзо растат. Тоа мора да се забрани. Забранете го растењето. Така сè ќе биде подобро отколку што е сега”, Џејмс Бари

– “Децата наоѓаат сè во ништо, а луѓето наоѓаат ништо во сè”, Леопарди

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi