Често ги сонувате бившите партнери? За тоа постојат две причини, еве што велат психолозите!

4 јуни, 20200
imageedit_114_2037474100

Ако ви е непријатно секојпат кога бившите партнери ќе ви се вратат на сон, особено за време на изолацијата, не сте единствени.

Спред податоците на Google, последниве неколку недели драстично пораснала бројката на пребарувања на термините „сон и бивши“ дури за неверојатни 2.45 проценти во однос на другите години. Најчесто поставуваното прашање е „Зошто ја сонувам поранешната љубов“.

Ако го побарате одговорот на ова прашање на бројните онлајн соновници, ќе ги добиете вообичаените нејасни одговори: ако сте се сретнале – среќата ќе ви се насмевне, ако спиете кај нив – желбите ќе ви се исполнат, ако се карате – ќе откриете тајни итн.

Иако можеби ќе ви се наметне логичниот заклучок дека ја сонувате поранешната љубов бидејќи сакате да ви се врати или не сте ја преболеле, психолозите имаат друго објаснување.

Една од причините, под услов таа претходна љубов да имала значајно место во вашиот живот, може да биде носталгија за времето кога сте биле посреќни. Овие сонови се особено изразени, не само за време на епидемија, туку и кога сме многу загрижени за нешто или под голем притисок. Потсвеста се обидува да избега во сигурна зона.

Она што е важно да се спомене е дека носталгијата обично не се однесува на личноста која ја сонувате, туку на самите вие. Со други зборови, ви недостасува личноста која сте биле порано.

Второто често толкување на овие сонови е потребата „да се расчисти сметката“. Доколку вашата врска завршила без да го добиете потребното објаснување од другата личност или не сте кажале сѐ што сте мислеле, овие врски имаат тенденција да ни останат во потсвеста на долг период. Од време на време, кога сме под притисок или стрес, ни се јавува потреба да се побуниме, да се избориме за себе, и од тука излегува тоа „досие Х“ од нашето минато. Во соновите добиваме шанса да го искажеме сето она што сме го преќутиле порано.

Така што, доколку сте во среќна врска, а на сон ви доаѓаат вашите бивши, немојте да се секирате. Тоа е само вашиот одбранбен механизам кој се буди да ве заштити од стресот во кој живеете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi